Slide

Вести

Две милијарди евра вредниот капитал на Mercedes во Русија е во опасност од национализација

Slide

(Лево кон десно) Дитер Зече, тогашен претседател на одброот на директори во Daimler AG и извршен директор на Mercedes-Benz Cars, Vladimir Putin, претседател на Русија и Питер Алтмаер, Сојузен Министер за економски прашања и енергија на Германија за време на отоврањето на фабриката Moscovia во близина на Москва.

15/03/2022

Капиталот на Mercedes во Русија е во опасност од национализација, доколку Владата во Москва реши да спроведе експропријација на имотот на компаниите кои ќе престанат со деловна активност во земјата, поради инвазијата врз Украина.

Автомобилскиот производител објави дека можноста за експропријација претставува реална закана за компанијата. Сепак, менаџментот на Mercedes не сподели реални проценки за вкупното негативно влијание на конфликтот во Украина врз работењето на компанијата.

Известувањето од страна на Mercedes доаѓа еден ден по најавата од страна на Русија дека планира да преземе времена контрола врз компаниите кои ќе престанат со деловна активност во Русија, а имаат над 25% странски капитал.

Доколку овие мерки се прифатат, руските судови ќе може да ги замрзнат средствата, а компаниите ќе имаат можност или да ги продолжат своите деловни активности во земјата, или да го продадат својот удел.

Mercedes е само еден од групата автомобилски производители кои привремено ги прекинаа деловните активности во Русија, заедно со Stellantis, Volkswagen, Ferrari и Ford Motor.

Еден од главните капацитети на Mercedes во Русија е фабриката во близина на Москва, која беше отворена пред 3 години, кога на свеченото отворање присуствуваше и Владимир Путин.

Во фабриката, во која се произведува седанот E-Class и неколку SUV модели, се вработени над 1,000 вработени. Се работи за модерна фабрика опремена со роботи и системи за автоматизација, која има годишен капацитет за производство на 20,000 возила.

Во Русија Mercedes остварува 2 проценти од своите продажби. Во моментот на повлекувањето на Mercedes, руските филијали на компанијата имаат околу 1 милијарда евра заеми во руските банки, но овој долг е обезбеден/гарантиран од страна на централата на компанијата.

Германските компании имаат негативно искуство со експропријации на нивен каптиал од страна на странски држави во минатото. Имено, по вклучувањето на САД во Првата Светска Војна, владата на САД ја национализираше американската дивизија на германскиот гигант Merck, ја преименуваше во Merck&Co, која и ден денес функционира како засебна фармацевтска компанија.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди