Slider

Вести

e-Golf заминува во пензија, Volkswagen ја адаптира фабриката во Дрезден за ID.3

Slider

23/12/2020

Денешниот ден влегува во историјата на Volkswagen, како последен од производството на електричната изведба на Golf, позната како e-Golf.

Големиот интерес донесе подолго останува на e-Golf во производствениот процес, но денеска во фабриката во Дрезден е комплетиран последниот примерок, со што оваа изведба базирана на претходната генерација на Golf, заминува во заслужена пензија.

Произведени се 50.401 примерок на VW e-Golf од март 2017 година, а во иднина фабриката во Дрезден ќе се користи за производство на електричниот ID.3, кој е поставен на специјалната модуларна платформа MEB.

Овој процес ќе стартува по неколку месеци, откако фабриката ќе биде адаптирана за производството на моделот кој досега излегуваше само од фабриката во Цвикау.

Инаку, електричниот Golf се продава од 2013 година и заедно со продукцијата во фабриката во Волфзбург, продадени се 145.561 примерок.

Повеќе содржини за Volkswagen:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider