Slide

Новитети

Цената на еден од 18-те примероци на лимитираната серија Bentley Mulliner Batur изнесува 2 милиони евра

Slide

Mulliner Batur е опремен со електронски систем за заштита од превртување кој може да ги неутрализира латералните (странични) сили во остри свиоци и до сила од 1,300 Nm.

26/08/2022

Преку презентацијата на Mulliner Batur, Bentley нѝ најавува како ќе изгледа електричната иднина на брендот.

Луксузното купе кое ќе се произведе во ограничени количини, ќе го добие и најмоќниот мотор на британскиот производител.

По Bacalar, преку Mulliner Batur, Bentley лансира уште една колекционерска серија. Ултра-скапото купе со одличен дизајн беше презентирано на настанот Monterey Car Week во Калифорнија.

Дизајнирано од страна на Андреас Минд, директорот за дизајн во Bentley, купето е најновиот производ на одделот за специјални проекти на производителот.

По лимитираната серија од само 12 примероци од Bentley Mulliner Bacalar, со Mulliner Batur производителот реши да усреќи дури 18 верни, но и богати фанови на брендот.

Имињата Bacallar и Batur всушност се имиња на езера. Првото е име на езеро во Мексико, додека второто е име на езеро во Индонезија.

Шест-литарскиот мотор е рачно произведен фабриката во градот Кру во Англија. Моторот со 12 цилиндри е адаптирана верзија на оној кој се вградува во Bentley Continental GT. Но, за специјалната серија тој има нов интеркулер, ревидиран турбо полнач и променета софтверска конфигурација. Како резултат на тоа, неговата сила од 659 hp пораснува на над 740 hp. Истовремено максималниот вртежен момент изнесува импресивни 1,000 Nm. Моторот ја пренесува силата на тркалата преку осум-степена трансмисија со двојна спојка.

Забрзувањето од 0-100km/h за 3.5 секунди и максималната брзина до 340 km/h наметнуваат потреба од електронски контролирани три засебни комори како дел од воздушната суспензија и електронски систем за заштита од превртување кој може да ги неутрализира латералните (странични) сили во остри свиоци и до сила од 1,300 Nm.

Во линија со уникатноста на производството на секој од 18-те примероци на Mulliner Batur e и неговата цена. Основната цена изнесува 1.94 милиони евра, плус давачки. Но, ова не претставува пречка за купувачите, бидејќи сите 18 примероци беа веќе резервирани за долгогодишни клиенти на брендот уште пред официјалната презентација. Сепак, тие за испораката ќе мора да почекаат до средината на следната година.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели