Slider

Стории

Ефект на рекордните субвенции: 20.000 Германци порачале електрифициран автомобил во јули

Slider

Од вкупно 234.805 апликации од јули 2016 година, 148.889 се за електрични изведби, 85.782 за плаг-ин хибриди, а само 134 за автомобили со погон на водород

04/08/2020

Корона кризата беше дополнителна мотивација за германската влада да ги зголеми субвенциите за купување електрични автомобили и плаг-ин хибриди, а тој потег дава и очекувани резултати.

Германските купувачи решија да се соочат со новиот предизвик и користејќи ја се подобрата инфраструктура и зголемената автономија кај електромобилите, се охрабрија да се префрлат на електрифициран погон.

Само во месец јули, надлежното тело за доделување субвенции добило 19.993 барања кои ќе бидат реализирани со пристигнувањето на порачаниот примерок, а ова е и нов рекорд на германскиот пазар во однос на интересот за овој тип возила откако се воведени субвенции во 2016 година.

Од почетокот на годината, дури 69.606 купувачи аплицирале за субвенции, што е зголемување за 78,6 проценти во однос на истиот период минатата година.

Дека поголемите субвенции ќе имаат сериозен ефект покажува и фактот што од 2016 година до 1. јуни годинава биле поднесени нешто повеќе од 200.000 апликации, а само во јули таа бројка достигна 20.000.

За електричните автомобили чија цена не надминува 40.000 евра субвенциите се 9.000 евра плус намалување на ДДВ, додека за плаг-ин хибрдите може да се добијат 6.750 евра.

Од вкупно 234.805 апликации од јули 2016 година, 148.889 се за електрични изведби, 85.782 за плаг-ин хибриди, а само 134 за автомобили со погон на водород.

Најмногу апликации од почетокот на субвенционирањето се поднесени за модели од понудата на BMW, a потоа следува Volkswagen кој го презема второто место од Renault, откако Французите со мало заостанување сега се на третата позиција.

Најмногу апликации за субвенции по бренд
1. BMW 32.690
2. Volkswagen 29.248
3. Renault 29.217
4. smart 19.575
5. Mercedes 16.070
6. Mitsubishi 15.032
7. Tesla 14.822
8. Hyundai 13.887
9. Audi 12.387
10. Streetscooter 12.246 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider