Slide

Новитети

Екстензивен фејслифт на Toyota Corolla, отсега со посилни бензински и хибридни погони

Slide

Кај 2.0-литарскиот хибриден погон, системската сила е зголемена од 184 на 196 hp. Истовремено намалени се Co2 емисиите и забрзувањето од 0-100 km/h (од 7.9 на 7.5 секунди.)

06/06/2022

Toyota започна да практикува покуси фејслифт интервали на дел од своите модели, во обидот тие да останат конкурентни во целиот генерациски циклус. Откако неодамна помина низ помал, минатата седмица јапонскиот производител најави посеопфатен фејслифт на бестселерот, моделот Corolla.

Се работи за прилично екстензивен фејслифт, со кој ќе бидат опфатени моделите од моделската 2023 година и сите каросериски изведби на Corolla.

Хеџбек и караван изведбите со фејслифтот ќе добијат нови bi-LED предни светла. Дизајнерите на Toyota направиле редизајн и на рамките на магленките и алуминиумските бандажи. Отсега ќе бидат достапни и три нови бои: Juniper Blue, Midnight Teal Green и класична металик сива боја.

Новиот стил се забележува и во ентериерот. Новите бои, графики, штофови и дизајни на материјалите имаат за цел да придонесат за впечаток дека се работи за помодерен ентериер. Седиштата на спортските изведби имаат засебен дизајн, кој го вклучува и GR логото на предните наслони за глава.

Отсега до инфотејнмент системот ќе се пристапува преку 10.5-инчниот дисплеј, а поголема е и инструмент таблата: нејзината дијагонала е 12.3 инчи, а ќе биде во серија од средните нивоа на опременост.

Важна разлика е тоа што отсега надградбите на софтверот ќе се спроведуваат безжично, што ќе овозможи новите сопственици постојано да ја имаат најновата верзија во текот на целиот животен век на автомобилот.

Со фејслифтот Toyota прави голем исчекор во однос на хибридниот погон. Подобрени се и бензинските мотори но и хибридните. Сега литиум-јонската батерија е помоќна, а во исто време се најавува дека ќе биде покомпактна и полесна.

Силата на 1.8-литарскиот мотор со четири цилиндри сега е зголемена од 122 на 140 hp. Инженерите го намалиле и времето потребно за забрзување од 0-100km/h од 10.9 на 9.2 секунди, при што се задржале истите Co2 емисии – 102 gr.

Кај 2.0-литарскиот хибриден погон, системската сила е зголемена од 184 на 196 hp. Истовремено намалени се Co2 емисиите и забрзувањето од 0-100 km/h (од 7.9 на 7.5 секунди.)

Toyota отсега ќе вклучува и нова технологија во Corolla моделите. Дел од неа е и системот кој оневозможува нагли и несакани забрзувања при ниски брзини, систем кој спречува судири при влез во крстосници и автоматски го поместува воланот доколку возилото е на пат да се судри со возило кое надоаѓа од спротивна насока. Отсега Corolla ќе може да сопира и да ја намалува брзината при влез во свиоци.

Инетересен е фактот дека Јапонците отсега во Corolla ќе вклучуваат сигнал за предупредување доколку при напуштање на возилото од страна на возачот, во возилото сѐ уште има патници на задната клупа. Да се надеваме дека зафатените родители за кои овој систем е очигледно наменет, ќе бидат одговорни и внимателни со своите деца, па нема премногу често да го користат.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри