Slide

Новитети

Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance

Slide

RS пакетот е вклучен стандардно кај овие два модели. Тој вклучува максимална брзина од 280 km/h, динамичко управување на сите тркала и спортски диференцијал на задната оска.

30/11/2022

Германскиот премиум производител Audi повторно ја поткрена границата на перформансите на своите спортски изведби преку додавање на дополнителни 30 hp и 50 Nm на двете RS изведби.

Имено, новите RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance ќе имаат повеќе моќ и ќе бидат побрзи од било кои RS6 или RS7 изведби претходно.

Но, технички гледано, подобрите перформанси не значат и буквално повеќе сила. Со поголеми тубро полначи, силата на четирилитарските V8 битурбо мотори се зголемува за 30 hp и 50 Nm. Па така, наместо 600, сега ќе тие ќе имаат 630 hp, додека вртежниот момент ќе биде 850 Nm, наместо досегашните 800 Nm.

Овие разлики го намалуваат потребното време за спринт од 0-100 km/h за 0.2 секунди (спринтот сега трае 3.4 секунди).

Осумте цилиндри отсега ќе бидат и погласни. Тоа е резултат на изолацискиот материјал, кој е за цели 8 килограми полесен, па звукот од V8-цата ќе стигнува полесно до кабината.

Но, намалувањето на тежината на акустичната изолација, сепак, не влијае значително врз тежината на целото возило. Двата модели тежат нешто повеќе од два тони по возило (2090 килограми за RS6 Avant и 2,065 килограми за RS7).

RS пакетот е вклучен стандардно кај овие два модели. Тој вклучува максимална брзина од 280 km/h, динамичко управување на сите тркала и спортски диференцијал на задната оска. Сепак, RS Plus пакетот е достапен со доплата. Со него, максималната брзина изнесува 305 km/h, системот за сопирање е унапреден со карбонски-керамички компоненти. Овие материјали заштедуваат значителни 34 килограми на дисковите чија димензија изнесува 440 mm (напред), односно 370 mm (одзади).

Купувачите ќе може да изберат помеѓу 16-те бои на каросеријата. Неколку елементи, помеѓу кои и надворешните ретровизори, кровните шини, декоративните лајсни на страничните прозорци и задниот дифузер се во матирана сива боја.

Во ентериерот, пак, добро познатите RS дизајн пакети во сива и црвена комбинација сега се надополнети со сина боја. Дополнително, како специјална фунционалност, поставени се LED светла на предните врати. Тие проектираат “RS Performance” на површината до возилото.

И екраните во виртуелниот кокпит сега се уште помоќни. Интересна имплементација е индикаторот за промена на степенот на пренос во режимот на возење со мануелна трансмисија кој ја менува бојата од зелено, преку жолто, па кон црвено, на сличен начин како во мотоспортот.

И конечно, цените, според производителот, иако варираат на различни пазари, започнуваат од 135,000 Евра. И двата модели ќе може да се нарачаат по 8-ми декември годинава, што значи дека заинтересираните купувачи имаат уште најмалку десетина дена слободно време за размислување.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година