Skip to content

Новитети

Електричен Peugeot Expert за непречено извршување на обврските во урбаните средини

Електричниот Expert ќе биде достапен во втората половина на следната 2020 година, а ќе придонесе за уште поголема прифатеност и популарност на моделот кој од лансирањето во 2016 година е продаден во над 170.000 примероци

07/11/2019

Неколку дена откако ги потврди своите солидни бројки во сегментот на лесни комерцијални возила, Peugeot се пофали и со електричната изведба на својот модерен „работник“ Expert.

Членот на LCV семејството со логото со лав е препознатлив по одличната прифатеност меѓу европските купувачи, пред се компаниите кои имаат потреба од професионално одбработени задачи и имплементирање на актуелните технолошки и еколошки нормативи кои овозможуваат оптимален однос меѓу вложеното и она што се добива.

Во иднина, Peugeot e-Expert ќе вози и на електрична енергија, со што компаниите добиваат сигурна инвестиција во возило кое ќе може да се движи во урбаните средини без никакви ограничувања и со максимална грижа за животната средина.

Процесот на електрификација на Peugeot ги опфаќа и комерцијалните возила, а започнува токму со e-Expert, кој ќе биде достапен со батерии со два различни капацитети. Едната е со автономија од 200, а таа со поголем капацитет, со автономија до 300 километри, што според проценките е доволно за извршувањето на дневните обрвски со едно полнење.

Електричниот Expert ќе биде достапен во втората половина на следната 2020 година, а ќе придонесе за уште поголема прифатеност и популарност на моделот кој од лансирањето во 2016 година е продаден во над 170.000 примероци.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend