Slide 1
Slide 1

Новитети

Електрична експанзија: Mercedes ги објави првите детали за моделот EQB

Slide 1
Slide 1

19/04/2021

Не помина многу време од премиерата на луксузниот електричен седан EQS, Mercedes-Benz веќе претстави уште еден новитет на електричен погон.

Се работи кросоверот EQB, кој поседува слични карактеристики како класичниот GLB и ќе се обиде да привлече купувачи со својот технолошки напредок и функционалноста, која подразбира трет ред седишта.

Новиот EQB кој дебитира на Саемот во Шангај е долг 4,68 метри, меѓуоскино растојание од 2.829 милиметри и багажник чиј максимален капацитет стигнува до 1.710 литри.

Германците ја претставија кинеската варијација, а наскоро ќе бидат претставени и верзиите за американскиот и европскиот пазар, при што европските купувачи до крајот на годината ќе може да си порачаат EQB 350 изведба со автономија со едно полнење од 419 километри.

Mercedes најави повеќе изведби во Европа, а таа со која EQB дебитираше во Кина е со моќност од 292 коњски сили.

Примероците на EQB за европските купувачи ќе бидат произведувани во фабриката во Кечкемет, Унгарија.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“