Slide

Вести

Електричната иднина не е закана за препознатливите „бубрези“ на BMW

Slide

07/04/2020

Таканаречените „бубрези“ се заштитен знак на автомобилите на германскиот бренд BMW, а според дизајнерскиот шеф, Домагој Ѓукец, тоа нема да се промени и во ерата во која класичните ќе бидат заменети со електрични модели.

Фактот што кај електричните автомобили процесот на ладење може да се изведе и без решетка на предниот дел не значи дека BMW ќе се откаже од својот „трејд марк“ и такво нешто никогаш не им паднало на памет на раководството или дизајнерите, потврдува Ѓукец во својата изјава за американски „Аутоблог“.

– Ако се вратите во времето кога „бубрезите“ првпат се поставени, ќе забележите дека прават голема разлика во споредба со класичните решетки на другите производители. За BMW секогаш бил значаен изгледот на предниот дел и тој никогаш не бил во форма на решетката. Легендарниот 328 (1936 година) имал вертикални отвори, поделбата на средина на решетката не е идеално решение, но се работи за естетски аспект, – вели Ѓукец.

Ѓукец вели дека своите соработници во дизајнерскиот тим ги советува да го дизајнираат карактеристичниот елемент на предниот дел според самиот автомобил, а има порака и за тие кои ја критикуваат големината на „бубрезите“ на концептот i4.

– Во минатото, одредени луѓе не критикуваа дека не сме доволно самоуверени како другите брендови, а никој не се жалеше за нив кога имаа решетки кои беа растегнати од едниот до другиот крај. Сите кои го сакаат BMW ќе се навикнат на ова, луѓето кои критикуваат најчесто не се наши купувачи, – дополнува Ѓукец кој е роден во Франкфурт, но има хрватско потекло.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба