Slide
Slide

Вести

Електичната изведба на Opel Vivaro стана лидер според продажбата во својот сегмент во Европа

Slide
Slide

Opel во моментов профитира од фактот што веќе успеа да ја електрифицира својата цела комерцијална, гама вклучувајќи го тука и најголемиот Movano-e во понудата.

16/12/2021

И покрај недостигот на чипови кој ја зафати автомобилската индустрија, Opel годинава успеа да постигне раст во сегментот на лесните комерцијални возила во Европа. 

Имено, заклучно со ноември, брендот кој е дел од Stellantis групацијата, забележа 12,1% раст на продажбите спореено со истиот период од минатата година.

Растот е во голема мера последица на фантастичните бројки во Франција (+25,2%), но и на уште неколку големи европски пазари, како Германија (+9%), Велика Британија (+8,1%) и Шпанија (+6.0%).

Дел од заслугата за растот се должи на фактот што Opel, по примерот на сестринскиот бренд Peugeot успеа да понуди комплетно електрични изведби од сите модели во LCV гамата. 

Уделот на електричните изведби во вкупната продажба на лесни комеријални возила на брендот станува сѐ позначаен, а електричниот Vivaro е лидер во D сегментот во Европа со удел од 21% во вкупните продажби.

Особено добра е прифатеноста на моделот во Велика Британија, каде моделот има безмалку 50% пазарен удел во сегментот. 

Добрата прифатеност на електричните LCV изведби на Opel не е случајна, туку произлегува од добриот имиџ кој во последните неколку години го изградија нивните пандани со мотори со внатрешно согорување. 

Opel успеа да се здобие со титулата Van of the Year за Combo (2019) и Vivaro-e (2021).

Значаен фактор за автомобилските производители во обезбедување на поголем пазарен удел на LCV прогамата во Европа сe, а и во иднина ќе бидат флотните продажби. 

Имено, компаниите во ЕУ и Велика Британија се исклучително заинтересирани за обновување на своите флоти со електрични возила заради даночните олеснувања.

Во трката за освојување на повеќе флотни клиенти, предност секако ќе имаат брендовите кои први ќе го комплетираат електричното портфолио.

Opel во моментов профитира од фактот што веќе успеа да ја електрифицира својата цела комерцијална гама, вклучувајќи го тука и најголемиот Movano-e во понудата. 

Резултатите веќе се видливи. Имено, производителот објави дека склучил договор со British Gas, британската компанија за дистрибуција на гас, кој вклучува нарачка на 3,000 изведби на моделот Vivaro-е.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1