Slider

Вести

Електричната Opel Corsa ги предводи лауреатите на престижното признание „Златен волан“

Slider

Повторно се доделени признанија за најдобрите во повеќе класи, кои сами по себе постојано се менуваат, имајќи го предвид процесот на електрификација и менувањето на изгледот на актуелната понуда во продажните салони

05/11/2020

Автомобилското признание „Златен волан“ е едно од најпрестижните во автомобилската индустрија, а факторите кои влијаат за неговата популарност се традицијата, фактот што се доделува во земјата која е најголем европски автомобилски пазар (Германија) и зад него стојат медиуми како „Ауто Билд“ и „Билд ам Зонтаг“.

Во меѓувреме, жирито е надградувано, па најдобрите автомобили за 2020 година ги бирале 14 членови, меѓу кои и познат јутјубер, но и уредници од медиуми кои не се од Германија, како „Ауто Вик“ и „Ауто Експрес“.

Повторно се доделени признанија за најдобрите во повеќе класи, кои сами по себе постојано се менуваат, имајќи го предвид процесот на електрификација и менувањето на изгледот на актуелната понуда во продажните салони.

Лауреатите започнуваат со електричната изведба на Opel Corsa која е број еден во А и Б сегментот, а завршуваат со Lexus UX 330e, кој доби признание поради фактот што понуди уникатна гаранција на батеријата од 1 милион километри, односно 10 години.

Мал автомобил
1. Opel e-Corsa
2. Hyundai i20
3. Volkswagen Up
Компакт
1. Audi A3 Sportback
2. BMW 218i Gran Coupe
3. Seat Leon
Мал SUV
1. Ford Puma
2. Mazda MX-30
3. Volkswagen T-Roc

Среден SUV
1. Polestar 2
2. Cupra Formentor
3. Ford Kuga
Голем SUV
1. Kia Sorento
2. BMW X6
3. Aston Martin DBX
Среден плаг-ин хибрид SUV
1. Volkswagen Tiguan eHybrid
2. BMW X2 xDrive 25e
3. Volvo XC40
Премиум хибрид од средна/луксузна класа
1. BMW 330e
2. Audi A6 50 TFSI e quattro
3. Audi A7 55 TFSI e quattro
Спортски
1. Porsche Taycan
2. Ferrari SF90 Stradale
3. Polestar 1
Најдобар автомобил со цена до 25.000 евра
1. Hyundai i20
Најдобар автомобил со цена до 35.000 евра
1. Seat Leon
Најубав автомобил
1. Porsche Taycan
Најдобра иновација
1. Lexus UX 300e

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider