Slider

Вести

Електричниот el-Born ќе дебитира во понудата на Cupra

Slider

Претставниците на компанијата денеска потврдија дека концептот el-Born ќе дебитира како електричен модел со логото на Cupra, a тоа ќе се случи во 2021 година

08/07/2020

Раководството на шпанскиот производител Seat, денеска пред медиумите ја претстави својата стратегија за наредните години, потенцирајќи ги и инвестициите кои ќе бидат направени.

Во процесот на фокусирање кон електрификацијата, Seat најави инвестирање на 5 милијарди евра во истражување и развој до 2025 година, како и подготовка на фабриката во Марторел за производство на електрични модели, во периодот кога тие ќе бидат и најбарани.

Seat и Cupra како два бренда со голем потенцијал, но различни приоритети целат кон уште подобри бројки и зголемување на базата на купувачи.

– Seat и Cupra се основа за развој на компанијата. Двата бренда имаат различен персоналитет и атрибути и целат кон различна група купувачи.

– Seat e влезна врата во Volkswagen групацијата, ги имаме најмладите купувачи, просечно по 10 години помлади од другите брендови и многу често купувачи кои првпат инвестираат во автомобил.

– Од друга страна, Cupra таргетира поинаков пазарен сегмент и тој се наоѓа меѓу мејнстрим и премиум сегментите, сигурни сме дека постои голем потенцијал меѓу купувачите кои ќе сакаат уникатена автомобил, – вели Вејн Грифитс, CEO на Cupra и одговорен за секторот маркетинг и продажба во Seat.

Претставниците на компанијата денеска потврдија дека концептот el-Born ќе дебитира како електричен модел со логото на Cupra, a тоа ќе се случи во 2021 година. Целосно новиот el-Born е развиван во Барселона, но ќе се произведува во Цвикау (Германија).

Според првичните најави, Cupra el-Born ќе користи 77 kWh батерија, со која ќе стигне до автономија од 500 километри. Овој електричен модел сигурно ќе добие и моќна погонска единица со самиот факт што е дел од понудата на Cupra, е шансите да биде понуден и со логото на Seat се минимални.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider