Slide

Вести

Електричнот Fiat 500 освои две награди од британски „What Car?“

Slide

15/01/2021

Британската автомобилска платформа „What Car?“ ги додели признанијата за најдобри автомобили по класи за 2021 година, индиректно советувајќи ги своите посетители и читатели за нивниот избор на нов автомобил годинава.

Новата, целосно електрична генерација на Fiat 500 освои две награди, односно малиот италијански заводник е прогласен за Најдобар мал електричен автомобил и Најдобар кабриолет за 2021 година.

Во објаснувањето за причините поради кои Fiat 500 е прогласен за најдобар електричен автомобил во својата класа се потенцира фактот дека оваа верзија на италијанската легенда има многу поголема автономија од ривалите како Mini Cooper SE и Honda e, a поради димензиите има и најмал круг на вртење.

Експертите на „What Car?“ сметаат дека и покрај повисоката цена, електричниот Fiat 500 е подобра опција за купување и од mild hybrid изведбата на претходната, а се уште актуелна генерација на овој модел.

Електричниот Fiat 500 располага со автономија од 320 километри, моќност од 118 коњски сили, а на брз полнач стигнува до 80 проценти од батеријата за само 35 минути.

Повеќе содржини за Fiat:

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година