Slider

Вести

Електричниот ID.3 предизвика голем интерес, најголем дел купувачи првпат се одлучуваат за Volkswagen

Slider

ID.3 има големо значење за Volkswagen и тоа го потврдуваат и раководните луѓе во компанијата, кои велат дека годинава ќе бидат доставени меѓу 60.000 и 70.000 примероци на овој електричен автомобил

28/07/2020

Процесот на нарачки за електричниот Volkswagen ID.3 е веќе започнат, а најбрзите купувачи ќе ги добијат своите примероци веќе во септември.

Германскиот производител го истакна задоволството од почетниот импулс на европските пазари каде беше овозможено резервирање на примерок на ID.3, при што се направени најмалку 37.000 нарачки за овој автомобил.

Она што посебно ги радува во Volkswagen е дека дури 85 проценти од купувачите досега немале купено Volkswagen, што е целосна спротивност од ситуацијата со Golf каде 85 проценти од купувачите веќе имале некоја од претходните генерации на компактот.

„ID.3 привлече целна група која е за десетина години помлада од просекот на нашите купувачи во Европа, кој изнесува околу 58 години, – вели Јирген Штакман, првиот човек на секторот за продажба и маркетинг во Volkswagen.

Тој е разочаран само од помалиот интерес на припадничките на понежниот пол за ID.3.

– Очекував повеќе жени меѓу почетните купувачи, но тие сочинуваат само 15 проценти, – изјавил Штакман за „Фајненшел Тајмс“.

ID.3 има големо значење за Volkswagen и тоа го потврдуваат и раководните луѓе во компанијата, кои велат дека годинава ќе бидат доставени меѓу 60.000 и 70.000 примероци на овој електричен автомобил.

Германците им даваат предност на пазарите чии надлежни институции сериозно инвестираат и се ангажираат во развојот на инфраструктурата, но и доделувањето субвенции за купувачите на електрични автомобили.

Нашата земја за жал не е меѓу нив, па и за првите примероци на ID.3 ќе мора да почекаме до следната година.

Како споредба, во Германија за електричен автомобил до 40.000 евра се добиваат субвенции поголеми од 9.000 евра, додека соседна Србија неодамна воведе субвенции со кои доделува по 5.000 евра за купен електричен автомобил.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider