Slide

Вести

Електричниот модел Kia EV6 ја освои наградата за Европски автомобил на годината

Slide

Споредено со останатите електрични модели, моделот на Kia користи 800-волтна технологија, која овозможува побрзо полнење и поголеми перформанси на батеријата.

02/03/2022

Kia EV6 успеа да победи во трката со шестте останати модели кои беа помеѓу финалистите за овогодинешната награда. 

Интересно, но ова е првпат Kia да ја добие престижната европска награда.

Моделот EV6 ја користи електричната Е-GMP платформа, која ја дели со третопласираниот модел – Hyundai Ioniq 5. Помеѓу нив, на втората позиција се пласираше Renault Megane E-Tech Electric.

Единствениот неелектричен модел помеѓу овогодинешните финалисти, Peugeot 308, ја зазеде четвртата позиција. Засега Peugeot го произведува новиот 308 со бензински и дизел погони, како плаг-ин хибрид, а во план е лансирање и на комплетно електрична изведба.

Традиционалниот избор за Европски автомобил на годината секоја година се одвива во три фази. Трите фази се дел од стандардната процедура на најреномираниот автомобилски избор во Европа, кој традициоинално го прогласува победникот во предвечерието на саемот за автомобили во Женева.

За жал, организаторите на саемот во Женева втора година по ред го откажаа значајниот настан, но објавувањето на победникот остана во предвидениот термин.

Инаку, според статутот, овој избор го сочинуваат максимален број од 65 автомобилски новинари, а годинава гласаа 61 новинар.

Интересно е што најголем дел од новинарите се распределени од големите европски пазари како што се: Франција, Шпанија, Велика Британија, Скандинавските земји и Германија. Од секој од овие пазари задолжително мора да има по 6 претставници.

Оваа година, освен победникот, помеѓу седумте финалисти се пласираа: Peugeot 308, Cupra Born, Hyundai Ionic 5, Skoda Enyac iV, Ford Mustang Mach-E и Renault Megane E-Tech.

EV6 е наследник на Toyota Yaris – минатогодишниот победник на изборот.

Оваа година дури 6 од седум финалисти се електрични возила, додека од сите 39 модели кои влегоа во трката, безмалку половината (18) се електрични.

Споредено со останатите електрични модели, моделот на Kia користи 800-волтна технологија, која овозможува побрзо полнење и поголеми перформанси на батеријата.

Освен Hyundai-Kia, единствено брендот Porsche во моментов ја вградува оваа технологија во серијата на модели Taycan.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба