Slide
Slide

Стории

Електричниот стана најпопуларен погон во сегментот на SUV модели со средна големина во Европа

Slide
Slide

Со продадени 303,233 возила, сегментот на SUV модели со средна големина забележа раст од 41% за првите десет месеци од годинава, при што, според податоците од продажбата, електричниот стана најпопуларен погон.

28/12/2021

Моделите како ID.4, Mach-E, Skoda Enyaq и Ioniq 5 се пробија на листата на десет најпродавани во сегментот.

Електричните модели драматично го амортизираа намалувањето на сегментот на SUV возила со средна големина во Европа, преку комерцијализацијата на неколку нови модели од страна на Ford, Volkswagen и Hyundai.

Со продадени 303,233 возила, сегментот на SUV модели со средна големина забележа раст од 41% за првите десет месеци од годинава, при што, според податоците од продажбата, електричниот стана најпопуларен погон.

Лидер во сегментот, сепак, продолжи да биде конвенционалниот Skoda Kodiaq, со 49,596 продадени примероци во првите 10 месеци. Чешкиот модел беше бестселер и во претходните две години.

Со 41,754 продажби, електричниот ID.4 се пласираше помеѓу трите најпродавани модели. Неговиот пласман беше подобар од оној на Skoda Enyaq iV, кој се продаде во 32,531 примероци.

Освен овие два модели кои се во сопственост на VW групацијата и ја делат истата MEB платформа, на топ 10 листата се пласираа и Ford Mustang Mach-E, како и Hyundai Ioniq 5.

Во меѓувреме, два модели отпаднаа од топ 10 листата. Тоа се моделите Hyundai Santa Fe и Nissan X-Trail, кои се пласираа на 11-тото и 12-тото место.

Причината поради која производителите за нивните примарни електрични модели го избраа поголемиот наместо компактниот SUV сегмент, e поради тоа што поголемите возила им се привлечни и на купувачи надвор од Европа.

SUV моделите со средна големина имаат купувачи на сите три најголеми пазари: САД, Кина и Европа. Така, производителите успеваат да заштедат на трошоци за развој и локализација

Добар пример за ова е VW ID.4 кој се продава и надвор од Европа, за разлика од ID.3, кој е поставен на истата платформа, но се продава само во Европа.

Со својата должина од 4,584mm, ID.4 се позиционира помеѓу VW Tiguan (4,486mm) и поголемиот Tiguan Allspace (4,701mm).

Поголемиот простор споредено со комапктните SUV модели им овозможува на производителите да наплатат повеќе, со што надоместуваат дел од екстра трошоците кои ги имаат за батеријата и електричниот погон. Ова, во комбинација со посакуваноста на SUV дизајнот, придонесува за тоа најголем дел од производителите да лансираат модели во овој сегмент.

Се очекува дополнителен раст во сегментот, кој ќе биде последица на дисконтинуирањето на дел од караван и седан изведбите на производителите.

За сметка на нив, ќе се појават нови модели како ID.5 (купе верзијата на ID.4) и Toyota bZ4x, кој со најавената должина од 4,690mm, ќе биде дури подолг и од споменатиот ID.4.

Nissan Arya е уште еден глобален модел кој од следната година ќе го зголеми изборот за купувачите во сегментот.

Темпото на лансирање на нови електрични модели е толку брзо, што сегментот на електрични SUV модели со средна големина за една година порасна од бемзалку 0% пазарен удел, на неверојатни 35%. 

Дизелот, кој беше најпопуларен во овој сегмент во 2020, годинава падна од 57 на 32%, додека бензинските изведби сега учествуваат со 22 проценти.

Се зголемува пазарниот удел и на хибридите, со оглед на тоа што производителите лансираа плаг-ин хибридни изведби на традиционалните модели. И Kia Sorento и Hyundai Santa Fe добија плаг-ин хибридни изведби, а истото набргу ќе се случи и со Seat Tarraco.

Tiguan Allspace ќе остане без плаг-ин хибридна изведба, иако таква изведба се продава во Кина. Без плаг-ин хибридни изведби се и моделите Skoda Kodiaq и Peugeot 5008.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1