Slide 1
Slide 1

Вести

Електричниот Taycan во април попродаван од SUV моделите на Porsche во Германија

Slide 1
Slide 1

10/05/2021

Постојаниот раст на интересот за електричниот Taycan е повеќе од одлична вест за Porsche, но и потврда дека инженерите на овој производител успеале да конципираат автомобил кој ја продолжува еволуцијата на брендот и во фазата на електрификација.

Официјалната продажна статистика поврзана со април 2021 година на германскиот пазар вели дека Taycan добил нови 339 купувачи за само еден месец, а тоа се пет примероци повеќе во однос на бестселерот за 2020 година, моделот Cayenne.

Taycan е втор најпродаван модел во април и тоа зад традиционално популарниот Porsche 911, кој стигнал до 655 нови купувачи, а зад оваа тројка се Macan, Panamera, Boxster и Cayman.

Ако се споредат бројките од почетокот на годината, лидер повторно е 911 (2.629), следуваат Macan (1.670) и Cayenne (1.463), додека Taycan е на четвртото место со испорачани 1.296 примероци.

Охрабрувачките вести во однос на Taycan доаѓаат во период кога Porsche ги привршува подготовките за електричниот Macan, кој ќе биде прв SUV модел од Цуфенхаузен на електричен погон.

Повеќе содржини за Porsche:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови