Новитети
Електричниот Volkswagen ID.4 ќе дебитира годинава и тоа со погон на задните тркала
Посебно интересно за купувачите е што Volkswagen ќе го понуди ID.4 првично со погон на задните тркала, за во следната фаза да биде достапна и изведба со погон на двете оски
Виртуелната саемска еуфорија донесе и конкретни детали за првиот електричен SUV на Volkswagen, кој од својата премиера ќе биде познат како VW ID.4.
Германците денеска најавија дека ID.4 ќе биде претставен до крајот на оваа година, со што ќе му се приклучи на ID.3 во големата електрична офанзива на Volkswagen, со која брендот сака да ја преземе водечката улога во глобални рамки.
Производството и продажбата на ID.4 ќе се реализира во Европа, САД и Кина, а најавите се дека капацитетот на батеријата на овој глобален модел, ќе овозможува досег со едно полнење од 500 километри.
Посебно интересно за купувачите е што Volkswagen ќе го понуди ID.4 првично со погон на задните тркала, за во следната фаза да биде достапна и изведба со погон на двете оски, а поставеноста на батеријата дополнително ќе влијае на подобрување на возните карактеристики на овој електричен SUV.