Slide

Вести

Електричниот знаменосец на Volvo, EX90 ќе користи осум камери, пет радари и 16 ултразвучни сензори

Slide

Електричниот голем SUV ќе го замени тековниот XC90 модел, а ќе има "невидлив безбедносен штит", кој ќе овозможи 20% намалување на сообраќајните незгоди со тешки последици или смрт.

22/09/2022

Електричниот EX90 ќе го замени тековниот XC90. Новиот модел во кровот ќе има вградено специјален LiDAR систем.

Според Џим Рован, извршниот директор на брендот, најголемото деби на нов модел за Volvo во последните 5 години ќе има сериска опрема која е многу понапредна од онаа во останатите Volvo модели.

Електричниот голем SUV ќе го замени тековниот XC90 модел, а ќе има “невидлив безбедносен штит”, кој ќе овозможи 20% намалување на сообраќајните незгоди со тешки последици или смрт.

За да го постигне ова, Volvo за прв пат воведува LiDAR сензори. Системот, кој ќе биде вграден во кровот на EX90, користи пулсирачки светлосни ласерски зраци за со висока прецизност да ги измери растојанијата до објектите во околината на возилото.

“Она што лидар сензорите го прават е неверојатно”, изјави Рован пред неколку дена. “Нашите неодамнешни истражвања покажуваат дека лидарските системи може да ги намалат сообраќајните незгоди со сериозни повреди до 20%, додека за 9% ги намалуваат сообраќајните незгоди со смртни последици”, додава тој.

Технологијата, која е произведена од добавувачот Luminar, ќе биде стандардна опрема во моделите на Volvo. Таа ќе може да препознае пешаци на 250 метри растојание, дури и при високи брзини.

“И поради тоа што сензорите не зависат од светлина, како што е зависна камерата, на пример, тие функционираат идентично и дење и ноќе”, појаснува Рован.

Системот, кој ќе биде вграден во EX90, се состои од осум камери, пет радари и 16 ултразвучни сензори.

Шведскиот премиум производител во средата објави детали за моделот, но не објави фотографии од екстериерот или ентериерот. Тие ќе бидат објавени за време на официјалната презентација на 9 ноември.

Од производителот потврдија дека напредниот систем ќе биде интегриран во стандардната опрема кај EX90.

Но, освен овие системи задолжени за мониторирање на околината, моделот ќе има и сензори кои се задолжени за мониторирање на кабината. Имено, две камери ќе следат дали возачот е можеби заморен, преку следење на движењето на очите. Исто така, ќе се следи и управувањето со воланот. Доколку системот забележи дека возачот не реагира на условите на патот, ќе започне со звучни предупредувања кои ќе стануваат сѐ погласни.

Доколку возачот не реагира ниту на звучните предупредувања, системот безбедно ќе го сопре возилото.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан