Стории
Електричниот знаменосец на Volvo, моделот EX90, може да го снабдува со струја и домаќинството преку двонасочното полнење
Технологијата на наследникот на XC90 може да враќа наизменична струја, каква што им е најпотребна на пример, на домаќинствата.
Со лансирањето на електричниот знаменосец – SUV моделот EX90, Volvo воведе двонасочно полнење (BDL), за еднонасочна и наизменична струја, со капацитет до 11 kW.
Веќе неколку производители и пред Volvo ja воведоа оваа функционалност, но интересно е да се навлезе во нејзината суштина, предностите и зошто во Volvo ја сметаат како една од клучните придобивки на електрификацијата.
Имено при транзицијата кон комплетно електричен возен парк, складирањето на електричната енергија беше и сѐ уште е еден од најголемите предизвици. Бидејќи без оглед на тоа колку соларни панели или ветерници ќе инсталирате, доколку креираната енергија не може да биде складирана за да биде достапна кога ќе биде потребна, целиот напор е залуден.
Многу студии покажуваат дека големите и моќни батерии се всушност двигателот на целата електрификација.
Поради нивниот голем капацитет, тие може да ја стават на располагање енергијата кога таа е потребна, но со најновите системи на двонасочно полнење, тие во исто време можат и да ја вратат струјата во електричната мрежа, слично како генераторите на струја.
Системот на Volvo кој е имплементиран во EX90 го овозможува токму ова – и тоа без потреба од дополнителна инфраструктура.
Технологијата на наследникот на XC90 може да враќа наизменична струја, каква што им е најпотребна на пример, на домаќинствата.
Според директорот во Volvo задолжен токму за оваа тематика, сопствениците на EX90 не треба да преземаат никакви активности за користење на оваа технологија, таа им е веќе на располагање и може да ја искористат, на пример, неколку пати во годината.
Сепак, системот на Volvo конфигуриран на начин да овозможи смао дел од батеријата да може да се користи за потребите на домаќинството, односно до 10% од капацитетот на батеријата.
Но, и тие 10% се еквивалент на околку 10 kW, што, според Volvo е еквивалент на просечната потрошувачка на едно домаќинство во периодот од 5 часот наутро, до 3 часот попладне.