Вести

Електричните автомобили губат помалку од својата вредност во однос на класичните изведби

Анализата на компанијата „Abracar“ покажува дека различни модели на електричен погон имаат различна повратна вредност три години по купувањето, а дел од нив имаат и подобра позиција во однос на класичните изведби

05/03/2020

Електричните автомобили се уште се еден вид авангарда на патиштата, но секој месец носи раст на продажбата, па и зголемување на пазарниот удел во земјите каде има економски потенцијал, но и инфраструктура која ја оправдува поголемата инвестиција.

Купувачите при носењето на одлука за купување електро-мобил размислуваат и за нивната вредност по неколку години, односно во ситуација кога би сакале да го продадат автомобилот, а експертите велат дека дел од нив имаат поголема повратна вредност во однос на класичните изведби од истиот бренд.

Анализата на компанијата „Abracar“ покажува дека различни модели на електричен погон имаат различна повратна вредност три години по купувањето, а дел од нив имаат и подобра позиција во однос на класичните изведби.

Според овие бројки, најдобрата инвестиција барем на германскиот пазар е Nissan Leaf, кој три години по купување задржува 74 проценти од првичната вредност. Од друга страна, тука се и популарни модели како Renault Zoe и Smart electric кои по три години губат 46% од вредноста.

Ситуацијата кај Golf е малку поинаква, бидејќи електричната изведба eGolf за три години 38 проценти, додека класичниот Volkswagen Golf има повратна вредност од 65% по експлоатација од три години.

Заклучокот е извлечен од просекот, а според него, електричните автомобили губат помалку од својата вредност, односно по првата година губат 17,5%, по втората 15,2% и по третата 13,1%. Изведбите со мотор со внатрешно согорување губат 25% од вредноста уште по првата година, а по три години просечната вредност е околу 50 проценти од иницијалната инвестиција.

Не треба да се заборави дека цената на електро-мобилите засега се уште е повисока од таа на класичните изведби, но експертите на „Abracar“ тврдат дека вкупните трошоци за електро-мобилите се помали на долг рок. Нивното истражување покажало дека сопственикот на VW eGolf ќе заштеди 6.360 евра во споредба со сопственикот на Golf со бензински мотор поради помалите трошоци за гориво, даночните и други олеснување, како и помалите трошоци за сервисирање.

Загубена вредност по три години експлоатација

Nissan Leaf 26% Nissan Pulsar 37%
VW eGolf 38% VW Golf 35%
BMW i3 44% BMW 218 44%
Smart Electro 46% Smart Fortwo 41%
Renault Zoe 46% Renault Megane 38%
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider