Slider

Вести

Електричните и класичните изведби ќе имаат слични цени од 2026 година

Slider

26/01/2021

Моментот кој ќе има посебно значење во автомобилската индустрија, а претставува израмнување на цените на електричните со изведбите со мотор со внатрешно согорување, ќе се случи во 2026 година.

Ова го тврди Ричард Пери-Џоунс, еминентен автомобилски инженер, кој е најпознат по 38-годишниот престој на важни функции во Ford.

Во своето последно учество на јавна дебата поврзана со авто-индустријата, Пери-Џоунс најавил дека се потребни уште отприлика пет години за да се добие паритетот кој ќе има позитивно влијание врз продажбата на електричните изведби.

Според него, најважното влијание ќе го имаат построгите еколошки норми, кои ќе ги зголемат трошоците на производителите на изведби со мотори со внатрешно согорување.

– Во моментов батериите се поскапи од класичните погонски единици. Но, главна причина што цените на едните и другите ќе се израмни не е драстичното намалување на цените на батериите, туку зголемувањето на трошоците за изработка на моторите со внатрешно согорување.

– Исто така очекувам различна побарувачка меѓу возачите кои живеат во и вон градовите. Оние кои почесто се движат во урбаните средини ќе мора да размислуваат за електрични изведби поради големите давачки кои би ги имале со класичен мотор, додека оние надвор од урбаните средини и натаму ќе инсистираат на модел со мотор со внатрешно согорување, – тврди Пери-Џоунс.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider