Slide
Slide

Вести

Електричните Skoda Elroq i Seat Acandra ќе имаат поевтини батерии без кобалт за да чинат помалку од 20.000 евра

Slide
Slide

Наместо 48kWh како во случајот со ID.3, помалите модели ќе имаат батерии со капацитет од 38kWh, а ќе бидат направени од литиум-железо-фосфат. Овие батерии, според Извршниот директор на VW, иако се потешки, по 16 години и 2 милони извозени километри задржуваат дури 80% од капацитетот.

11/08/2021

Skoda Elroq и Seat Acandra се имињата на двете нови мини електрични возила на Volkswagen групацијата кои ќе бидат дополнување на малите ID.1 и ID.2 модели на матичниот бренд VW.

Skoda Elroq е планиран за лансирање во средината на 2024 година, а Seat Acandra ќе пристигне на почетокот на 2025.

Не е сигурно дали Skoda Elroq и Seat Acandra ќе бидат лансирани и како кросовери. Планот е тие да се произведуваат во фабриката на Seat во Марторел, која VW Group веројатно ќе ја претвори во фабрика намената исклучиво за производство на електрични модели со оглед на субвенциите кои во тој случај би ги добиле од страна на Шпанија. Втората локација веројатно ќе биде во Братислава. 

Но, овие најавени временски рамки треба да се земат со резерва со оглед на тоа што моделите ID.1 и ID.2 на Volkswagen нема да бидат лансирани пред 2025. Би било необично Seat и Skoda да ги лансираат своите верзии од моделите пред тоа да го направи Volkswagen. 

Имено, според Извршниот директор на VW, тие ќе го лансираат својот електричен адут поставен под ID.3 во 2025 година. ID.1 ќе биде CUV со 5 врати сличен во формата како и Taigo. Потоа во 2027 ќе се појави и ID.2 во форма на кросовер. 

Безмалку е сигурно дека имињата ID.1 и ID.2 ќе бидат искористени за овие мали електрични возила на брендот. Ова има логика со оглед на тоа што VW ги заштити правата за имињата од ID.1 до ID.9 и од ID.1X до ID.9X. Единствена дилема е дали латиничната буква “X” ќе се користи за кросовери или за варијантите со погон на сите тркала. Оваа номенклатура остава простор за позиционирање барем два модели под ID.3.

Цената за ID.1 би требало да биде поставена под 20.000 евра, а таа на ID.2 – под 25.000 евра. Моделите на сестринските Seat и Skoda би требало да имаат нешто пониски цени од моделите со знакот на Volkswagen.

Но, како до електрични возила поевтини од 20.000 евра?

За да ги достигне пониските продажни цени VW мора да заштеди на некои од клучните трошоци: платформите и батериите.

Во однос на платформите, малите електрични возила како VW E-Up, Seat Mii Electric и Skoda Citigo-e iV, кои се прилично евтини, сè уште се базирани на старата (PQ12) платформа, која беше адаптирана за електричниот погон.

Платформата PQ12 на која е поставен VW e-up нема да може дополнително да се адаптира

Во меѓувреме овие возила станаа тешко достапни и со долги рокови на испорака, а на некои пазари воопшто не може ниту да се нарачаат.

Од друга страна, платформата PQ12 повеќе нема да може да се адаптира за да ги задоволи безбедносните страндарди на EuroNCAP кои ќе важат од 2023 година. 

Но, и покрај тоа, VW работи на електричен автомобил кој ќе чини помалку од 20.000 евра и ќе има автономија од 250 километри. Овие планови ги потврди и Извршниот директор на Volkswagen на годишната прес конференција.

Втората опција е новата MEB платформа на која се базирани VW ID.3 и ID.4, но таа е премногу скапа за да се користи за малите електрични возила. 

Уште една пречка за MEB платформата е нејзиното меѓуоскино растојание кое не може да се намали поради батеријата која е позиционирана помеѓу тркалата. 

Заради ова, првично брендот Seat ја доби задачата да развие нова платформа за малите електрични возила на групацијата. Но, овие планови се сменија и сега повторно Volkswagen ја презеде обврската да развие покуса верзија од MEB платформата, која веќе е во фаза на производство. 

Споредено со ID.3, меѓуоскиното растојание на новата платформа е скратено за само седум сантиметри. Што се однесува до вкупната должина на моделите, невозможно е да бидат покуси од четири метри од безбедносни причини.

Поевтини батерии

Сепак, најголемите заштеди при производството на малите електрични модели ќе се остварат преку батериите. Наместо 48kWh како во случајот со ID.3, помалите модели ќе имаат батерии со капацитет од 38kWh, а ќе бидат направени од литиум-железо-фосфат. Овие батерии, според Извршниот директор на VW, иако се потешки, по 16 години и 2 милони извозени километри задржуваат дури 80% од капацитетот.

Втора предност на фосфатните (LiFePO4) батерии е тоа што воопшто не постои ризик од запалување, за разлика од Литиум-јонските батерии (Li-NMC) Lithium-Nickel-Manganese-Cobalt кои се користат во поголемите модели.

Идентичен став има и Илон Маск, кој веќе ги вградува LiFePO4 батериите во Model 3 кој од минатиот октомври се произведува во фабриката на Tesla во Шангај.

Ваквата наклонетост кон овие батерии е во голема мера предизвикана и поради фактот што тие не содржат кобалт и никел – скапи ресурси чија набавка станува сè покомплицирана.

Во секој случај, доколку сакаат да ја забрзаат електрификацијата, автомобилските производители мора да најдат начини да произведат поевтини електрични возила. 

Со оглед на тоа што цената на батериите во последните 10 години се намали за над 90% (од 1.100USD/kWh на 137USD/kWh) реално е да очекуваме дека веќе во 2023 производителите ќе може да ги продаваат електричните возила по цена идентична како и на оние со внатрешно согорување. 

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1