Slide

Вести

Електричните возила во 2021 година се приближија кон врвот на табелите, според продажбата во своите сегменти

Slide

Во сегментот на SUV возила со средна големина, VW ID4 со 54,935 продажби за малку ќе успееше да ја заземе првата позиција, но беше надминат од сестринскиот модел со мотор со внатрешно согорување, Skoda Kodiaq (58,070 продадени примероци).

10/05/2022

Комплетно електричните воизила беа најпродавани во два сегмента во Европа минатата година, покажувајќи го трендот во кој тие сѐ повеќе стануваат дел од мејнстримот.

Tesla Model 3 го престигна BMW 3 Series и стана најдобро продаваниот премиум модел со 142,233 продажби.

Продажбите на моделот на Tesla пораснаа за 62%, додека со 116,228 продажби, 3 Series забележа мал пад во 2021 година.

Освен тоа, комплетно електричниот Porsche Taycan втора година по ред го освојува првото место помеѓу луксузните седани, забележувајќи раст од 42%. Со продадени 17,094 примероци, Taycan успеа да го задржи водството пред Mercedes S-Class.

Taycan забележа многу подобри резултатии споредено и со сестринскиот модел Panamera, кој забележа 5,285 продажби, од кои најголем дел во плаг-ин хибридна изведба.

Комплетно електричните возила во 2021 имаа 9.1% пазарен удел во Европа, а за првпат ја поминаа психолошката граница од 1 милион продадени примероци. Рапидниот раст се забележува втора година по ред, откако во 2019 година нивниот пазарен удел изнесуваше само 1.9% од вкупните продажби.

Германија е најголем пазар за електрични возила, таму се продадоа вкупно 356,425 возила. 39,714, односно 11% од тие продажби потпаѓаат на Tesla, која минатиот месец отвори своја фабрика во Берлин.

Tesla Model Y заврши на петтата позиција во категоријата на премиум SUV модели со средна големина, со 26,625 продадени примероци, но мора да се земе предвид дека европските продажби за моделот беа во полн капацитет само во втората половина на 2021 година.

Со овие продажби, сепак, американскиот модел успеа да се пласира подобро од Mercedes EQC и Audi e-tron.

Електричните возила полека се искачуваат кон врвот на табелите и во другите сегменти, бидејќи европската регулатива ги принудува производителите да се фокусираат на намалување на Co2 емисијата.

Во сегментот на SUV возила со средна големина, VW ID4 со 54,935 продажби за малку ќе успееше да ја заземе првата позиција, но беше надминат од сестринскиот модел со мотор со внатрешно согорување, Skoda Kodiaq (58,070 продадени примероци).

Но, според траекторијата, оваа година ID4 ќе биде неприкосновен на врвот, каде поголема закана ќе му биде сестринскиот Skoda Enyaq iV, кој зема замав минатата година и се пласираше на четвртата позиција во сегментот.

Помеѓу останатите дебитанти во овој сегмент, се и Hyundai Ioniq 5, Kia EV6 и Ford Mustang Mach-E. Нив годинава ќе им се придружат Nisasn Ariya и Toyota BZ4X.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди