Slide 1

Стории

Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании

Slide 1

Процесот на интегрирање на компонентите кај електричните возила наметнува потреба од поголем број на работници заради комплицираните движења при поставување на каблите во автомобилите, процес кој роботите се уште не се способни да го извршуваат.
Производство во фабриката на Mercedes-Benz во Бремен. Тука на иста производна линија се проиведуваат C-Class, GLC, GLC Coupé како и електричниот модел EQC.

03/08/2021

Премиум производителот од Штутгарт минатиот месец објави дека планот на Mercedes-Benz е до 2030 година да произведува само електрични модели. Според истиот план, до 2025 година околу половина од продадените нови модели се очекува да бидат автомобили со електричен погон или хибриди.

Извршниот директор на Mercedes-Benz, Ола Калениус најави прераспределба на ресурсите и инвестициите што ќе овозможи компанијата да биде профитабилна за време на забрзаниот процес на електрификација. “Убеден сум дека ќе го оствариме ова со оглед на тоа што имаме квалификувани и мотивирани вработени” – изјави тој. 

Но, во меѓувреме, во изјава за “Welt am Sonntag” Калениус дообјасни дека одржувањето на профитабилноста ќе се остварува и преку намалување на бројот на вработените во следните десетина години. “Мора да бидеме искрени со луѓето: производството на мотори со внатрешно согорување наметнува повеќе работни часови отколку производството на електричниот погон и батериите. Дури и доколку ние самите ги произведуваме електричните погони, сепак, за тоа ќе ни треба помал број на вработени” – завршува Калениус.

Што се однесува до бројот на вработени и трансформацијата на автомобилските производители кон производство на електрични возила, една студија на консултантската компанија “Boston Consultancy Group” покажува дека овој процес нема да предизвика намалување на бројот на вработени, туку нивна реалокација. Точно е дека потребата од човечки ресурси за производство на електрични мотори во споредба со мотори со внатрешно согорување е три пати помала, но тоа се однесува само на производството на моторите”. Ако се земе предвид потребата од човечки ресурси за производство на целиот автомобил, таа е речиси идентична и во случајот со возилата на електричен погон.

Во прилог на точноста на студијата упатува и најавата на Калениус во однос потребата од нови работни позиции кои се поврзани со производство на батериски модули и нивно пакување.

Исто така, процесот на интегрирање на компонентите кај електричните возила наметнува потреба од поголем број на работници заради комплицираните движења при поставување на каблите во автомобилите, процес кој роботите се уште не се способни да го извршуваат.

Кога се ќе се земе предвид, дефицитот на вработени кој го предвидува Калениус произлегува од фактот што Mercedes-Benz, впрочем како и поголем дел од останатите производители не планираат да ги произведуваат батериите и електричниот погон во своите фабрики, туку да ги набавуваат од добавувачи како што е случај со голем дел од компонентите кои се вградуваат во автомобилите.

Така, Daimler во изминатите години склучи стратешки партнерства со кинеските производители CATL (Contemporary Amperex Technology GmbH) и Farasis Energy. Првата, која има соработка и со BMW и Volvo и Volkswagen, во 2019 започна со изградба на фабрика за производство на батерии во германскиот град Ерфурт, северно-источно од Франкфурт.

Што се однесува до Farasis Energy, се работи за компанија формирана во САД, но од 2009 седиштето на компанијата се наоѓа во областа Ганзу во Кина. Mercedes-Benz минатиот јули склучи стратегиско партнерство со кое се здоби со удел од 3% во сопствеништвото на компанијата. Партнерството предвидува Farasis Energy да изгради и фабрика за производство на батерии во источно-германскиот град Битерфелд-Волфен кој се наоѓа северно од Лајпциг. 

Во двете фабрики ќе се вработат неколку илјади работници, но сепак, тие нема да бидат вработени во Daimler.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024