Slider

Вести

Електромобилите и плаг-ин хибридите со три пати поголем пазарен удел во вториот квартал

Slider

04/09/2020

Намалувањето на продажбата за време на најголемата криза со коронавирусот повеќе ги погоди изведбите со класичен мотор, додека на пример електричните автомобили стигнаа до рекорден пазарен удел во Европа.

Во периодот меѓу април и јуни, официјалните бројки на Европската асоцијација на автомобилски производители открива дека пазарниот удел на електрифицираните изведби (електрични плус плаг-ин хибриди) стигнал до 7,2%, што е три пати повеќе од нивното учество во продажбата истиот период минатата година.

Електрифицираните изведби добија „ветер во грб“ поради субвенциите кои ги доделуваат државите и производителите, менувањето на свеста кај возачите за заштита на животната средина, но и поголемиот избор кој е реалност на пазарот, па во трите месеци од вториот квартал биле регистрирани само 63.216 нови единици на електричен погон.

Плаг-ин хибридите забележаа најголем раст во однос на пазарниот удел, стигнувајќи до продажба од 66.128 примероци.

Меѓу електрифицираните изведби најдобро учество имаат самополнечките хибриди, откако стигнале до пазарен удел од 9,6%, што сепак е намалување на продажбата од 7,1% во однос на 2019 година.

Пазарниот удел на дизелите е 29,4% во вториот квартал на 2020 година, а падот на продажбата во бројки изнесува дури 53%.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider