Slide 1

Вести

Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla

Slide 1

Брендирањето на своите полначи "Supercharger" не е само маркетиншки пристап. Имено, поголем дел од овие полначи имаат капацитет на полнење од над 100kW.

29/07/2021

Повеќе од 2.500 станици за брзо полнење кои во просек имаат по 10 полначи брендирани како “Supercharger” во моментов може да се користат само од страна на сопствениците на некој од моделите на Tesla.

Брендирањето на своите полначи како “Supercharger” не е само добро спроведен маркетиншки пристап. Имено, поголем дел од овие полначи имаат капацитет на полнење од над 100kW.

Досегашната ексклузива за своите купувачи Маск ја правда со тезата дека кога тие започнале да ги прават полначите не постоел стандард, па затоа кај полначите на Tesla постои еден конектор и за AC и за ултра брзо DC (Direct Current) полнење.

Сепак, во пост на Twitter тој потврди дека до крајот на годинава полначите на Tesla ќе станат достапни и за сопствениците на останатите електрични возила, но веројатно не во сите земји одеднаш, туку постепено.

Транзицијата нема да се случи одеднаш поради фактот што иако дел од полначите веќе ги поседуваат двата потребни конектори, сепак, на одредени полначи ќе биде потребно да се постават адаптери.

Иако овој чекор на Илон Маск е дочекан со задоволство од страна на сопствениците на електрични возила од други брендови, сепак, веројатно ќе предизвика одредено незадоволство токму од страна на неговите клиенти кои досега уживаа ексклузивност во користењето на полначите.

Токму распространетата мрежа од брзи полначи e еден од клучните фактори заради кои купувачите на електрични возила даваат предност на некој од моделите на Tesla во однос на оние од конкурентските брендови.

Сега, доколку оваа мрежа на супер-полначи стане достапна и за електричните возила од останатите производители, модели како Porsche Taycan и Audi e-tron ќе станат поатрактивни во очите на потенцијалните купувачи.

Иако изјавата на Маск звучи одлично, сепак, треба да се има предвид дека ваквата одлука сепак има комерцијална позадина, бидејќи привилегијата да се користат полначите на Tesla нема да биде бесплатна.

Имено, мрежата која Tesla прва започна да ја развива, во моментов е една од најраспространетите, што од една страна им овозможува на сопствениците на Tesla да бидат сигурни дека во секое време ќе наидат на слободни полначи, но од друга страна предизвикува ситуација во која голем процент од времето овие “слободни” полначи не се користат од никого. Токму тука Маск гледа можност за дополнителна заработка.

Сепак, изјавите на Маск треба да се следат со внимание и со резерва, особено кога во нив има некакво ветување и рок до кога тоа ветување ќе се оствари.

Повеќе содржини за Tesla

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024