Slide

Вести

Ентони Џошуа го вклучи Range Rover SVAutobiography во својот победнички тим

Slide

12/03/2020

Актуелниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, го засили својот тим со кој ќе се подготвува за својата следна борба закажана за во јуни.

Британскиот боксер има 23 победи и само еден пораз во својата професионална кариера, а еден вид победа може да се смета и новиот Range Rover SVAutobiography кој деновиве го доби од британскиот производител на луксузни SUV автомобили.

Одговорните во Land Rover потенцираат дека овој примерок на Range Rover e направен по посебна спецификација за боксерот и му е предаден пред просториите на боксерскиот клуб во Барнет, каде Џошуа ја започнал својата успешна кариера.

Во ентериерот на автомобилот може да се пронајдат гравираните обележја со кои се означува освојувањето на светската шампионска титула во верзиите на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, како и иницијалите на боксерот на наслоните за глава на сите четири седишта.

– Одбројувањето за следната борба е започнато и овој специјално подготвен Range Rover ќе има своја улога во подготовките. Со фамилијарните обврски, но и обврските кон медиумите во Лондон и тренинг базата во Шефилд, минувам многу време на патиштата. SVAutobiography ќе го намали стресот на долгите делници, овозможувајќи ми да се релаксирам во целосен комфор и кабина со уникатен дизајн и обележја кои се поврзани лично со мене, но и моите успеси во професионалната кариера, – истакнал Џошуа при преземањето на луксузниот Range Rover.

Touch Pro инфо-забавниот систем покрај со два екрана во кокпитот е награден и со 10-инчни екрани за патниците на задната клупа, а автомобилот е придвижуван од V8 мотор со 565 коњски сили.

Range Rover SVAutobiography со поголемо меѓуоскино растојание (LW) ќе биде препознатлив по специфичната црна боја и атрактивниот дизан на 22-инчните тркала, а на предните дифузери може да се забележи британското знаме со изгравиран број 258, кој е препознатлив за неговата менаџерска агенција.

Следниот дуел во кој Џошуа ќе ги брани шампионските појаси е закажан за 20. јуни, а противник ќе му биде бугарскиот боксер Кубрат Пулев.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба