Slide

Новитети

Enyaq iV на завршни подготовки – Škoda го најави својот прв електричен SUV

Slide

Електричната Škoda ќе биде достапна со погон на задни тркала или со два електро-мотора, кои ќе овозможат погон на двете оски, најдостапниот модел ќе добие батерија со капацитет од 55 кWh, моќност од 148 коњски сили и автономија до 340 километри

07/05/2020

Škoda ги објави првите фотографии од маскираниот Enyaq iV, првиот елекричен модел на брендот кој ќе ја користи групациската MEB платформа, наменета исклучиво за автомобили на електричен погон.

Чешкиот бренд го најавува овој SUV како влегување на нова територија и отворање ново значајно поглавје во долгиот историјат на Škoda, со очекување дека популарноста на сегментот и квалитетите на Enyaq iV ќе донесат голем пазарен успех по почетокот на комерцијализацијата.

Enyaq iV ќе се произведува во фабриката во Млада Болеслав, а од деталите кои сега се познати, јасно е дека овој 4,65 метри долг (4 см пократок од Octavia Combi) електричен SUV ќе понуди поголем простор во кабината, 13-инчен централен екран со сите потребни информации, досег до 500 километри со едно полнење, како и багажен простор од дури 585 литри.

Електричната Škoda ќе биде достапна со погон на задни тркала или со два електро-мотора, кои ќе овозможат погон на двете оски, најдостапниот модел ќе добие батерија со капацитет од 55 кWh, моќност од 148 коњски сили и автономија до 340 километри.

skoda-enyaq-covered3
skoda-enyaq-covered4
skoda-enyaq-covered5
skoda-enyaq-covered2
skoda-enyaq-covered1

Exit full screenEnter Full screen

Enyaq iV ќе располага и со уште две варијации со погон на задната оска, со автономија до 390, односно 500 километри, додека најмоќната изведба со погон на сите тркала е најавена со 306 коњски сили.

Повеќе содржини за Škoda

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан