Вести

Експерти: Автомобилските компании во нереална мисија да произведуваат респиратори

Главниот проблем се високите стандарди за безбедност кај ваквата медицинска опрема, што подразбира исполнување на многу протоколи и обезбедување многу документација

26/03/2020

Кризата со коронавирусот предизвика голема побарувачка за одредени медицински производи, а покрај заштитните маски и средствата за дезинфекција, на списокот дефицитарни производи се и респираторите.

Најголем дел од автомобилските производители најавија дека ќе се вклучат во производството на заштитни маски за да им помогнат на здравствените земји низ светот, но експертите велат дека постојат повеќе причини поради кои производството на респиратори е тешко остварливо.

– Не можеме да произведуваме респиратори на производствена линија за автомобили, – вели Џин Хаефс, инженер и експерт за логистика и производство.

– Во случајот со покомплицирани производи како респираторите, не верувам дека тоа е реално сценарио, барем не во наредните неколку недели, па и месеци, – тврди Никлас Кушати, прв човек на медицинскиот оддел во германската асоцијација на механички инженери.

Главниот проблем се високите стандарди за безбедност кај ваквата медицинска опрема, што подразбира исполнување на многу протоколи и обезбедување многу документација.

– Не е решение и нема да помогнеме ако направиме илјадници респиратори, а на крајот не го добие потребниот квалитет и дел од патентите не се испочитувани. Друг проблем е и логистиката, уште еден елемент во кој вработените не ги знаат доволно процедурите, – дополнува Кушати.

Експертите се согласни дека во прв момент автомобилските производители треба да се концентрираат на производство на заштитни маски, а наредниот период можеби ќе има напредок во однос на 3D печатењето.

Volkswagen веќе потврди дека го тестира производството со 3D печатачи, но и тој вид производство бара посебна хигиена, исполнување на разни медицински и технолошки стандарди. Експертите тврдат дека ако потребата нагло се зголеми, тогаш можеби и нивното користење ќе биде полесно прифатено.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider