Slide

Вести

ЕУ донесе конечна одлука за забрана на возилата со мотори со внатрешно согорување од 2035 година

Slide

Оваа одлука во пракса значи дека по 2035 година, на територијата на ЕУ нема да може да се регистрираат автомобили со бензински и дизел мотори. Поглед кон централното подрачје на Берлин.

31/10/2022

Европската Унија донесе одлука со која ефективно се става забрана за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување, која ќе започне да важи од 2035 година. Оваа одлука занчително ќе ја смени автомобилската индустрија и ќе влијае на забрзување на процесот на електрификација.

Трите клучни одлучувачки фактори на Европската Унија – Европската Комисија, Европскиот Парламент и земјите членки во четвртокот донесоа одлука со која им се наложува на производителите до 2035 година да ја достигнат посакуваната цел – нула емисија на штетни честички.

Оваа одлука во пракса значи дека по 2035 година, на територијата на ЕУ нема да може да се регистрираат автомобили со бензински и дизел мотори.

Освен крајната цел, одлуката вклучува и уште неколку обврски. Имено, до 2030 година автомобилските производители ќе мора да го намалат нивото на Co2 емисија за 55% споредено со нивото во 2021 година.

Носењето на одлуката се чини дека е неочекувано доколку се земе предвид амбиентот од пред една година. Оваа одлука ќе значи драстична промена на начинот на кој се одвива копнениот транспорт на континентот.

“Европските производители веќе ни покажуваат дека се подготвени за предизвикот. Тие веќе ја зголемуваат понудата на достапни електрични автомобили”, изјјави Франс Тимерманс, задолжен за политиката на ЕУ во однос на околината.

“Брзината со која се одвиваат промените во последните неколку години е значителна”, додава тој.

Но, оваа одлука ќе има и глобални последици. Како најголем трговски блок, ЕУ ги воспоставува глобалните стандарди, а е седиште и на најголемите автомобилски производители.

Volkswagen, Stellantis, Ford, Bentley и Jaguar се помеѓу оние производители кои веќе најавија дека ќе престанат да продаваат бензински и дизел мотори во Европа по 2035 година или дури и претходно.

Секако, постојат неколку исклучоци од правилата. Имено, и Европската Комисија и Европскиот парламент одлучија дека малите производители, како што е на пример Lamborghini, ќе добијат една година дополнителен рок за имплементирање на одлуката.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск