Slide

Вести

EУ најави промени во веќе донесениот закон за забрана за продажба на возила со мотори со внатрешно согорување по 2035

Slide

Финалното гласање, кое беше планирано за минатата седмица, и се сметаше за формалност, не се одржа поради реакцијата на официјален Берлин. (Од пленарната сесија на Европскиот Парламент).

13/03/2023

Европската Унија ѝ нуди декларација на Германија која би овозможила исклучок и продажба на возила со мотори со внатрешно согорување во земјите на ЕУ и по 2035 година, доколку тие користат е-горива.

Со ова би се решила дискусијата и несогласувањата кои настанаа на почетокот од месецов во Брисел, кога пред финалното одобрување на веќе донесениот закон, претставниците на Германија се премислија и решија да реагираат.

Европската комисија, која е извршно тело на ЕУ, засега не излезе со конкретни информации за тоа кога официјално би го објавила предлогот, а не е сигурно и дека тој ќе биде задоволителен за владата на Олаф Шолц.

Голема е веројатноста овие новини да влезат во процедура по изборите во ЕУ кои ќе се одржат следната година.

Германскиот министер за транспорт, Фолкер Висинг, неочекувано, во последен момент реагираше на законот, кој веќе беше одобрен од страна на 27-те членки на Унијата како и од страна на европскиот парламент.

Финалното гласање, кое беше планирано за минатата седмица, и се сметаше за формалност, не се одржа поради реакцијата на официјален Берлин.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели