Skip to content

Вести

Euro NCAP ги избра најбезбедните автомобили за 2019 година (Видео)

Во супермини сегментот, израмнети на првото место се Audi A1 и Renault Clio, веднаш зад нив остана Ford Puma, a трите модели може да бидат горди што освоија пет ѕвезди со високи оценки во сите категории

08/01/2020

Европската агенција за контрола на безбедноста на автомобилите (Euro NCAP) и годинава ги потенцираше моделите кои оствариле најдобри резултати на краш тестовите направени во календарската 2019 година.

Поделени во неколку класи, ова се автомобилите кои стигнале до најдобри резултати во четирите категории во кои Euro NCAP ги оценува, а во дел од категориите има и израмнети постигнувања на водечките позиции.

Во супермини сегментот, израмнети на првото место се Audi A1 и Renault Clio, веднаш зад нив остана Ford Puma, a трите модели може да бидат горди што освоија пет ѕвезди со високи оценки во сите категории.

Кај малите семејни автомобили најдобар резултат остварил Mercedes CLA, а зад него е Mazda 3, додека кај големите семејни автомобили првото место го делат BMW 3 Series и Tesla Model 3, додека минимално заостанува новата генерација на Škoda Octavia.

Во категоријата на мали SUV/ван модели, Euro NCAP го постави на првото место Subaru Forester, додека блиску со остварените резултати се Mazda CX-30 и Volkswagen T-Roc. Кај големите, Tesla Model X се најде на првото место пред Seat Tarraco.

Tesla доминира кај електричните/хибридни автомобили откако Model 3 го освои првото место со мала предност во однос на Model X.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend