Slide

Вести

Еуроимпекс одбележува 15 години од основањето на лимаро-фарбарскиот центар

Slide

Од пред две години во портфолиото на компанијата беше додаден брендот Opel, и тоа не само за Македонија, туку и за Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

25/10/2022

Месецов се обележува еден интересен јубилеј во рамките на Еуроимпекс, компанијата која е официјален и ексклузивен дистрибутер на брендовите Peugeot и Opel за Македонија и регионот.

Имено, лимаро-фарбарскиот центар во рамките на Еуроимпекс започнал со работа пред точно 15 години, а претставниците од компанијата нагласуваат дека низ него поминале над 12,000 возила.

Компанијата Еуроимпекс е една од најстарите компании во Македонија кога е во прашање автомобилската бранша. Таа е основана далечната 1990 година, а започнала да се занимава со продажба на автомобили во 1992 година. Тогаш започнува успешната приказна со францускиот производител Peugeot, која трае сѐ до денес.

Од пред две години во портфолиото на компанијата беше додаден брендот Opel, и тоа не само за Македонија, туку и за Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Претставниците на Еуроимпекс нагласуваат дека деловите кои се користат во нивниот лимаро-фарбарски сервис се оригинални делови кои подлежат на гаранција од страна на групацијата Stellantis.

Stellantis е релативно нова групација која настана со спојувањето на PSA Group (во која членуваа Peugeot, Citroën и DS) и FCA (Fiat Chrysler Automoibiles).

Лимаро-фарбарскиот сервис за двата брендови се наоѓа во рамките на објектот на Бул. Трета Македонска Бригада број 72.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск