Slider

Вести

„Еуроимпекс“ стана генерален импортер за Opel во Македонија и уште четири земји во регионот

Slider

10/09/2020

Македонската компанија „Еуроимпекс“ во иднина ќе биде генерален импортер за нашата и уште четири земји во регионот за германскиот бренд Opel.

Денеска официјално стигна потврдата од двете страни, дека „Еуроимпекс“ ќе биде задолжен за унапредување на продажбата и останатите услуги на брендот од Риселсхајм во Македонија, Србија, Црна Гора, Косова и Албанија, што навистина е нов голем предизвик за компанијата.

– Opel отиде чекор понапред во развој на својата бизнис стратегија на пазарите во Европа, објавувајќи го новиот соработник и увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

– Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија „Еуроимпекс“ како почитуван незавизен локален увозник и соработник.

– Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење „Еуроимпекс“ остварува сериозно голем развој, каде покрај Peugeot го превзема работењето и на Opel, а со тоа превзема уште еден бренд од групацијата PSA, – стои во соопштението објавено од двете страни.

Договорот е потпишан. Со завршниот дел од оваа трансакција, „Еуроимпекс“ станува генерален увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Сите вработени лица во канцеларијата на Opel одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат превземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата.

Трансакцијата и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата.

– Одлуката уште еднаш потврдува дека сè се одвива согласно целите зададени во нашиот PACE! стратегиски план. Овој нов модел ќе допринесе нашите продажни планови во почитуваните земји, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни, изјави г-динот Хавиер Дукемин, Извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall и додаде: „длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“

„Еуроимпекс“ ја започна соработката со Peugeot брендот во 1992 година, а првиот Договор за соработка беше потпишан во 1994 година. Компанијата веќе пет (5) години е генерален увозник за Peugeot за сите пет (5) погоре споменати балкански земји. До почетокот на оваа соработка веќе се продадени повеќе од 20.000 Peugeot возила.

Во 2019 година, на територија на Серверна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, беа продадени 2.500 Opel возила, врз основа на што се предвидува раст на брендот во годините кои следат.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider