Slider

Стории

EV тест на Peugeot e-208: Споредба на трошоците за електрична и бензинска изведба

Slider

21/01/2021

Македонските купувачи веќе имаат можност да ја истражат територијата. наречена автомобилска електрификација, а еден од поинтересните и подостапни модели кај нас е Peugeot e-208.

Регионалниот импортер „Еуроимпекс“ и францускиот бренд се погрижија електричната изведба на привлечниот супкомпакт да пристигне речиси истовремено со западноевропските земји, но во овој случај не поради посебни комерцијални стремежи, туку за да овозможи запознавање со еден нов концепт на мобилноста.

Во случајот со e-208, автомобилот не губи ништо од она што се добива во класичните изведби со мотор со внатрешно согорување, а дополнително користи погон кој нема негативни последици врз животната средина и опкружувањето.

AutoFocus направи специјален EV тест на Peugeot e-208, а нашиот концепт подразбираше тргнување со полна батерија од Скопје кон Охрид, утврдување на тоа колку ќе потрошиме до целта, а потоа целосно празнење на батеријата до 0% и повторно полнење до 100%, споредувајќи ги податоците за трошење и полнење со тие на производителот.

Како што и најавивме, во вториот дел со кој го заокружуваме EV тестот, говориме и за трошоците, односно инвестицијата, трошоците за одржување и пред се трошоците за гориво, односно нивна споредба со класична 208 изведба.

Официјалната цена на Peugeot e-208 со Allure Pack изнесува 36.010 евра, додека според опременоста и моќноста најсоодветно е да се спореди со цената на 208 со 1.2-литарски бензинец со 130 коњски сили, чија продажна цена, според ценовникот на „Еуроимпекс“ изнесува 21.340 евра.

Двете варијации подразбираат навистина одличен дизајн, многу опрема и напредна технологија која ја потврдува „апмаркет“ позиционираноста на Peugeot, но и на конкретниот модел во Б сегментот.

Но, ние нема да се задржуваме на тој аспект, бидејќи тука двете верзии се рамноправни, иако постојат разлики во однос на возните својства и потентноста на погонот, за што пишувавме во првиот дел од тестот.

Почетната разлика во цената носи голема предност во однос на бензинската изведба и во држава каде не се одредени субвенции како низ Европа, најголемиот дел читатели веднаш ќе донесат заклучок дека не постои начин да се оправда повисоката цена на електричниот e-208.

Точно е дека почетната инвестиција носи голем товар за електричната изведба, но низ анализата ќе ги потенцираме елементите со кои таа разлика се неутрализира од година в година, намалувајќи го товарот врз семејниот буџет.

Трошоците за одржување на електричен автомобил се многу помали во однос на изведбата со мотор со внатрешно согорување, нема менување на филтри за гориво и масло, нема промена на ремен и спојка, деловите од системот за сопирање траат подолго.

Не треба да се заборави и тоа што возачот не треба да размислува за голем број потрошни елементи од погонската единица, чија замена вообичаено и му паѓа најтешко на сопственикот.

Ова е важно бидејќи штеди средства на долг рок, а исто така ги намалува трошоците за редовните сервиси на кои треба да се промени само филтер за кабината, течноста во сопирачките на две години и да се направи контрола на сопирачките, сигнализацијата и уште некои поважни елементи.

Да не заборавиме, батеријата како важен и скап дел од целата приказна, доаѓа со гаранција на 8 години или 160.000 километри, а искуствата покажуваат дека ќе задржи голем дел од капацитетот и дополнителен период, што повторно делува смирувачки за купувачите кои размислуваат во оваа насока.

Иако се далеку од занемарливи, се наметнува заклучок дека наведените разлики во трошоците не се доволни за да ја оправдаат инвестиција во електричната изведба. Тоа е точно, но продолжуваме со уште поважниот елемент, односно трошоците за гориво/електрична енергија.

Нашиот тест покажа дека Peugeot e-208 може да помине 311 километри со едно полнење (иако оставаме можност за намалување до 10 проценти во зависност од стилот на возење), додека според тоа што го измеривме, за 50 километри со e-208 се доволни 20 проценти од капацитетот на батеријата, а тие се добиваат со полнење за 91 минута (на 22 kW полнач од јавно достапната и бесплатна мрежа на EVN).

Автономијата од 50 километри најчесто е доволна за извршување на секојдневните обврски низ град, а дури и на обичен полнач истите може да се наполнат во текот на ноќта.

 

Просечна дневна километража која се минува % на потребно полнење на батеријата доколку се полни секој ден Време потребно да се наполни потребниот процент од батеријата

25 км

10%

37 минути

50 км

20%

1 час и 31 минута

100 км

40%

3 часа и 1 минута

150 км

60%

4 часа и 32 минути

200 км

80%

6 часа и 2 минути

250 км

90%

6 часа и 47 минути

300 км

100%

7 часа и 49 минути

 

Од друга страна го имаме 208 со бензински мотор со 130 кс и проектирана просечна потрошувачка од 4,4 литри на 100 километри, при што во пресметката ја земавме предвид цената од 60,5 денари за литар 95-октански бензин, која беше актуелна деновите кога го тестиравме електричниот Peugeot.

Според резултатите од нашиот тест, возачите кои дневно минуваат најмалку километри (25 км) ќе потрошат 1.467 киловат часови во текот на една година, што значи дека годишниот трошок за полнење на батеријата изнесува само 5.178 денари (3,53 денари за kWh). Се што ќе биде наполнето на мрежата на јавни полначи на EVN засега е бесплатно и само дополнително ќе ги намали трошоците на возачот.

За пореални дневни 50 километри, годишно ќе се потрошат 10.357 денари, а за истата километража потрошениот бензин кај класичниот 208 ќе чини речиси пет пати повеќе или 48.581 денар.

Тука следува важна напомена дека оваа сума веројатно ќе биде поголема затоа што почестото возење низ град ја зголемува и просечната потрошувачка, а и прашање е колку од возачите ќе можат да ја реализираат најавената WLTP потрошувачка од производителот.

 

Просечна дневна километража која се минува Број на kWh потрошени на годишно ниво за полнење на батеријата Годишен трошок за полнење на батеријата на
е-208

25 км

1.467 kWh

5.178 денари

50 км

2.934 kWh

10.357 денари

100 км

5.868 kWh

20.714 денари

150 км

8.802 kWh

31.071 денари

200 км

11.736 kWh

41.428 денари

250 км

14.670 kWh

51.785 денари

300 км

17.604 kWh

62.142 денари

 

Дури возачот да вози и по нереални 300 километри со Peugeot e-208 во текот на секој ден, годишно за електрична енергија ќе треба да издвои 62.142 денари, нешто што на пример кај бензинецот стигнува до сума од 291.486 денари.

Просечна дневна километража која се минува Годишен трошок за полнење на батеријата на
е-208
Годишен трошок за истите километражи со 1.2 Puretech

25 км

5.178 денари

24.290 денари

50 км

10.357 денари

48.581 денари

100 км

20.714 денари

97.162 денари

150 км

31.071 денари

145.743 денари

200 км

41.428 денари

194.324 денари

250 км

51.785 денари

242.905 денари

300 км

62.142 денари

291.486 денари

 

Разликата за гориво/електрична енергија се движи меѓу 19.112 и 229.344 денари на годишно ниво, па заедно со останатите трошоци, лесно може да се пресмета за колку години електричниот e-208 ќе врати голем дел од инвестицијата.

 

Просечна дневна километража која се минува Заштеда на годишно ниво (разлика во трошокот меѓу e-208 и бензинец 208)

25 км

19.112 денари

50 км

38.224 денари

100 км

76.448 денари

150 км

114.672 денари

200 км

152.896 денари

250 км

191.120 денари

300 км

229.344 денари

 

И покрај сите наведени бројки кои се утврдени според нашиот реален тест на Peugeot e-208, за некого пресметките можеби ќе бидат препластични, но тоа е единствениот начин на кој може да се соочат двете изведби и трошоците кои ги очекуваат купувачите, односно возачите.

Сите ставки се реални и лесно утврдливи, тука се и бенефициите од типот на бесплатен паркинг и бесплатно полнење на дел од најголемите паркинзи и катни гаражи, како и оние кои реално би требало да се очекуваат во иднина.

Истовремено возачите нема да бидат под закана на некакви ограничувања за движење низ урбаните средини низ Европа, каде веќе се почнати или најавени вакви мерки за намалување на загадувањето.

Батериите вградени во електричните автомобили засега не им овозможуваат на производителите да обезбедат поконкурентни и подостапни цени на овие изведби, но времето работи во нивна корист и тоа е реалноста која ќе ја зголеми побарувачката и ќе им даде порамноправен статус во однос на ICE изведбите.

Доколку имаше и субвенции (во Германија стигнуваат до 10.000 евра), веројатно оваа анализа немаше ни да биде потребна, бидејќи електричните изведби во старт ќе беа поголем предизвик за купувачите, без тие да мора да се соочат со притисокот кој го наметнува почетната инвестиција.

Овој транзитен период ќе ги исфрли на површина возачите кои сакаат нови предизвици и сакаат први да се соочат со новиот концепт на мобилност, кој порано или подоцна ќе биде секојдневие.

Купувањето модел како Peugeot e-208 не е само инвестиција во автомобил, туку и во менување на возачкиот „мајндсет“, нешто што ентузијастите ќе можат сами да го откријат доколку имаат желба да го запознаат електричниот модел кој е достапен за тест возење.

Автономија од 311 километри
Специјалниот EV тест на AutoFocus утврди дека Peugeot e-208 може да помине 311 километри со едно полнење на батеријата. Истовремено, 208 со 1.2-литарски бензинец има просечна потрошувачка од 4,4 л/100 км
136 кс Vs. 130 кс
Електричниот погон располага со 136 коњски сили и вртежен момент од 260 Nm, додека бензинецот има 130 кс и 30 Nm помалку од e-208
50 километри со 20 проценти
Утврдената потрошувачка и време за полнење ни открија дека за 50 километри автономија е доволно да се наполнат 20 проценти од батеријата
Трошоци за електрична енергија
Доколку се возат по 50 км дневно, годишниот трошок за електрична енергија изнесува 10.375 денари. Секое полнење на бесплатните полначи на EVN само ќе ги намали трошоците.
Трошоци за бензин
Кај бензинецот за истата ставка треба да се издвојат 48.581 денари, што значи заштеда од 38.224 денари за e-208 за само една година

претходна
следна

Slider

Повеќе содржини за Peugeot:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider