Slide

Вести

Evergrande планира да биде лидер на пазарот на електро-мобили за пет години

Slide

Изминатите години, Evergrande ја купи компанијата NEVS која фактички е наследник на SAAB и британски Protean, има акции во Koenigsegg, во американскиот старт-ап Faraday Future и во уште многу други помали и поголеми субјекти

23/03/2020

Кинескиот гигант Evergrande одамна почна да инвестира во автомобилската индустрија, купувајќи компании или акции во компании кои се поврзани со иновациите во производство на електрични автомобили.

Капиталот генериран пред се во бизнисот со недвижности е основа за големите амбиции на првиот човек Шу Џајин, кој важи за еден од најбогатите Кинези во моментов.

Во своето последно интервју за германски магазин, Џајин уште еднаш потенцирал дека е убеден во сценариото според кое во 2025 година Evergrande ќе биде најголем производител на електро-мобили со годишна продажба од милион примероци или двојно повеќе од актуелните бројки на Tesla.

– Ова е најлудиот проект во авто-индустријата, но ќе успееме – изјавил Џајин чија компанија планира одеднаш да произведува 15 модели и на тој начин да ги покрие сите сегменти.

Изминатите години, Evergrande ја купи компанијата NEVS која фактички е наследник на SAAB и британски Protean, има акции во Koenigsegg, во американскиот старт-ап Faraday Future и во уште многу други помали и поголеми субјекти.

Инвестицијата за овој проект ќе биде најмалку 23 милијарди долари, а подразбира три фабрики во Гвангжу, од кои најголемата ќе биде за автомобилите, а останатите за батерии и други важни елементи.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск