Skip to content

Новитети

Еволуцијата мора да продолжи: Toyota RAV4 ќе има и плаг-ин хибрид изведба

Јапонскиот производител го претстави RAV4 PHEV на Саемот во Лос Анџелес и според информациите споделени со јавноста, популарниот SUV ќе може да мине над 60 километри на електричен погон, односно со помош на литиум-јон батеријата

20/11/2019

Значењето на Toyota како групација и бренд во побрзиот развој и полесното прифаќање на алтернативните погони меѓу купувачите е навистина големо, а Јапонците со право се сметаат за пионери во хибридната технологија.

Самополнечките хибриди се заштитен знак на Toyota во нејзината актуелна модерна гама, но од следната година SUV знаменосецот RAV4 ќе биде достапен и како плаг-ин хибрид.

Еден од најпродаваните SUV модели во Европа и досега беше префериран со хибридната изведба, а отсега во својата најнова генерација ќе ја овозможува и PHEV варијацијата која носи свои предности пред се поради автономијата исклучиво на електричен погон.

Јапонскиот производител го претстави RAV4 PHEV на Саемот во Лос Анџелес и според информациите споделени со јавноста, популарниот SUV ќе може да мине над 60 километри на електричен погон, односно со помош на литиум-јон батеријата.

Toyota досега имаше плаг-ин хибрид изведби само за Prius, а RAV4 ќе добие нов хибриден погон, со кој ќе ги исполни очекувањата во однос на перформансите и ефикасноста.

Најавен е RAV4 PHEV со погон на четири тркала и 306 коњски сили, а од 0 до 100 км/ч ќе стигнува за 6,2 секунди. Моделот ќе биде комерцијализиран следната година, па тогаш ќе бидат познати и сите детали од европската спецификација.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend