Slider

Новитети

Еволуцијата продолжува со 4xe ознака: Renegade и Compass во плаг-ин офанзива

Slider

21/07/2020

Jeep го продолжува еволутивниот процес кој е наметнат и од позитивните резултати на глобално ниво, а следен чекор на патот кон освојување нови купувачи е почетокот на продажбата на плаг-ин хибрид изведби на моделите Renegade и Compass.

Ознаката 4xe ќе биде заеднички именител за компактните SUV модели кои на возачите ќе им овозможат сериозна економичност, автономија на електричен погон, без да биде загубен препознатливиот оф-роуд потенцијал.

PHEV изведбите на Renegade и Compass ќе бидат достапни со погон од 190 или 240 коњски сили, а моќта ја продуцираат новиот 1.3-литарски бензински мотор и електро-мотор, а енергијата се складира на 11,4 kWh батерија сместена под задната клупа.

Екстериерот е речиси идентичен на класичните Renegade и Compass, со исклучок на деталите во сина боја, вклучувајќи ја 4xe ознаката на задниот дел и натписот со името на моделот.

Електричната автономија со полна батерија е 50 километри, процесот на полнење трае неколку часа и на домашен приклучок, а забрзувањето од место до 100 км/ч трае 7,5 секунди.

Купувачите на 4xe изведбите добиваат и дигитален кокпит со 7-инчен екран на инструмент таблата и 8,5-инчен централен екран, посакувани опции за поврзување, а Renegade и Compass ги добиваат и најновите безбедносни системи во понудата на Jeep.

Плаг-ин хибрид погонот доаѓа во комбинација со погон на сите тркала и препознатливите опции кои ги прават автомобилите на Jeep основен избор и меѓу возачите кои преферираат напуштање на асфалтот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider