Slider

Вести

Европски бестселери: Škoda Octavia на прво или второ место во седум земји

Slider

Седанот на чешкиот производител е прв или втор во продажната статистика во 7 земји, победувајќи ја конкуренцијата во Австрија, Швајцарија и Чешка, или останувајќи веднаш зад лидерот во Унгарија, Полска, Словачка и Финска

01/07/2020

Четвртата генерација на Škoda Octavia веќе им е достапна и на македонските купувачи, а нејзините квалитети се повеќе од доволни за да бидат исполнети очекувањата со кои седанот ќе остане меѓу најпосакуваните модели во сегментот.

Тоа го потврдуваат и купувачите во земјите од Европа, каде во периодот кога се повлекуваше претходната и пристигна новата генерација, Škoda Octavia стигна до респектабилни продажни резултати.

Официјалната статистика вели дека од најважните 27 европски пазари, на дури 11, Octavia во првите пет месеци од 2020 година е во Топ 5 според продажбата.

Седанот на чешкиот производител е прв или втор во продажната статистика во 7 земји, победувајќи ја конкуренцијата во Австрија, Швајцарија и Чешка, или останувајќи веднаш зад лидерот во Унгарија, Полска, Словачка и Финска.

Пандемијата донесе негативен ефект и голем удар по продажните бројки на сите брендови и модели, но со она што го покажа во најтешкиот период и на почетокот на комерцијализацијата, Octavia може да очекува само уште повеќе, имајќи предвид дека наредниот период ќе биде збогатена понудата и со нови изведби и погонски единици.

За нашата прва средба со Octavia на македонска територија и првите впечатоци може да прочитате на следниот ЛИНК

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider