Slide

Вести

Европскиот парламент донесе закон кој забранува продажба на нови возила со внатрешно согорување во ЕУ по 2035 година

Slide

Законот беше усвоен од страна на парламентот со 340 гласа за, 279 гласа против и 21 воздржан. (од пленарната сесија на Европскиот Парламент во врска со нормите на Co2 емисија на патничките и комерцијалните возила.)

16/02/2023

Оваа забрана ќе има глобален ефект. Со оглед на тоа што Европа е најголем трговски блок во светот, на овој континент се воспоствуаат стандардите кои потоа светот ги следи. 

Воедно, Европа е континент каде што се наоѓаат седишатата на најголем број од традиционалните автомобилски производители.

Во однос на забраната, Европскиот Парламент, во вторникот го усвои законот кој несомнено ќе наметне постепено исфрлување од сообраќај на возилата со мотори со внатрешно согорување – потег кој драстично ќе влијае на иднината на авто индустријата.

Законот наложува дека до 2035 година автомобилските производители мора да постигнат нула Co2 емисија за новите патнички возила кои ќе ги произведуваат и продаваат во ЕУ, што оневозможува продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување во било која од 27-те членки на Европската Унија.

Но, исто така, законот предвидува и 55% намалувње на нивото на Co2 емисија за новите автомобили до 2030 година, споредено со нивото на Co2 кое било достигнато во 2021. 

И новите комерцијални возила мора да ги исполнат истите норми како и патничките возила, додека и за нив останува слична, малку поумерена регулатива која треба да ја остварат во следните 7 години: 50% намлаување на Co2 нивото до 2030 година споредено со нивото во 2021.

Законот беше усвоен од страна на парламентот со 340 гласа за, 279 гласа против и 21 воздржан.

Јан Хуитема, главниот преговарач на парламентот во врска со новите правила изјави: “Оваа регулатива го поттикнува производството на возила без Co2 емисии. Таа содржи амбициозна ревизија на таргетите до 2030 година и обврска за нула емисија по 2035 година.” Тој додаде дека овој закон овозможува правилна рамка за автомобилските производители кои јасно се насочуваат во кој сегмент треба да стимулираат нови инвестиции и иноваци.

Законот се соочи со отпор од дел од земјите уште кога беше предложен во јули 2021 година. Како резултат на тоа беа направени некои мали отстапки како што е онаа која им овозможува на малите автомобилски производители кои произведуваат помалку од 10,000 возила годишно, да може да имаат поумерени правила до 2036 година.

Сепак, најголем дел од автомобилските производители веќе одамна решија во кој правец ќе оди автоиндустријата. Голем дел од нив веќе најавија дека планираат комплетна електрификација и пред 2035 година. 

Томас Шефер, директорот на брендот Volkswagen во рамки на VW Group, минатата година најави дека брендот Volkswagen започнувајќи од 2033 година во европа ќе произведува само електрични возила.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели