Slide

Стории

Европските производители го зголемуваат увозот на свои модели од Кина во Европа, користејќи ги кинеските субвенции

Slide

Следната година Volvo од Кина ќе го увезува малиот EX30 во Европа.

06/10/2023

Увезените електрични возила од Кина заземаат 20% удел во вкупната продажба на електрични возила во Европа во првите седум месеци од годинава.

Европската Унија е сериозно загрижена поради овој тренд, па претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, најави истрага во однос на улогата на кинеската Влада во намалувањето на цената на возилата кои се произведуваат во Кина, а се продаваат во Европа.

“Нивните цени се вештачки намалувани преку огромни државни субвенции”, изјави таа. “Тоа го уништува нашиот автомобилски пазар”.

Сепак, од 224,254 електрични автомобили увезени од Кина и продадени во Европа, 136,823 се од производители со седишта во Европа и САД.

Најдоминантни помеѓу нив се моделите на Tesla, чии 93,700 примероци заземаат безмалку 70%.

Важно е да се има предвид дека и Tesla, но и европските автомобилски производители како Renault и BMW кои увезуваат возила од Кина во Европа, ги користат субвенциите како и кинеските производители.

Од друга страна, еден од најзастапените кинески брендови е MG, чиј модел MG4, со 43,045 продадени примероци, е на листата на десет најпродавани возила во компактниот сегмент.

Од земјите во Европа, најголема продажба кинеските автомобили забележаа во Обединетото Кралство, по што следи Шпанија.

Интересен е фактот што кинеските автомобили, од сите европски земји, имаат најголем пазарен удел во Шведска (5.6%), каде доминира премиум производителот BYD.

Како што спомнавме, и покрај трошокот за транспорт и увозните давачки, неколку европски и јапонски производители веќе увезуваат свои возила произведени во Кина.

Досега ова е случај со BMW iX3, Dacia Spring, Citroen C5X, Tesla Model 3 и Model Y, Honda e, Honda CR-V, Honda ZR-V, Smart #1 и DS9.

Следната година Cupra ќе го увезува моделот Tavascan, додека брендот Mini ќе го увезува моделот Cooper и Aceman.

Volvo ќе го увезува малиот EX30, додека Smart ќе го увезува #3.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба