Slider

Вести

Фабриката на Volkswagen во Цвикау започнува ново, електрично поглавје

Slider

26/06/2020

Потврдата дека електричниот ID.3 ќе биде достапен за купувачите веќе од септември значи и целосно активирање на производството на новиот модел на Volkswagen во фабриката во Цвикау.

А, таму, деновиве вработените ја заокружуваат етапата која влегува во историјата и која е поврзана со автомобилите со мотор со внатрешно согорување, отпочнувајќи ја целосно електричната ера која тргнува во најголемата офанзива досега токму од Цвикау.

Досега дел од фабриката беше користена за производство на првите примероци на ID.3, но наредниот период таа ќе биде целосно преадаптирана и ставена на располагање за проектираните бројки поврзани со електричниот компакт.

Фабриката во Цвикау зад себе има над 6 милиони произведени автомобили, а квалитетот и искуството на работниците ќе имаат големо значење во креирањето на нова успешна приказна, која станува предводник на електрификацијата на германскиот бренд.

Најавите се дека на почетокот Volkswagen планира производство на 1.500 примероци на ID.3 на дневна база, a во иднина во оваа фабрика ќе се произведуваат и најавените VW ID.4, Audi Q4 e-tron и Seat el-Born.

Досега во Цвикау се произведуваше Volkswagen Golf Sportsvan.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider