Slide 1

Вести

Фабриката во Мелфи е подготвена за Compass и електрификацијата на Jeep

Slide 1

Во годината кога се одбележуваат 25 години од почнувањето со работа на фабриката во Мелфи, Jeep ја претстави својата производствена линија на која во иднина ќе се подготвуваат првите европски примероци на Jeep Compass

18/10/2019

Популарноста на Jeep Renegade овозможи наредниот период да го очекуваме и милионитиот примерок на овој SUV кој се произведува во фабриката во Мелфи, Италија, а групацијата FCA има и други сериозни планови за брендот, но и својата најважна фабрика.

Во годината кога се одбележуваат 25 години од почнувањето со работа на фабриката во Мелфи, Jeep ја претстави својата производствена линија на која во иднина ќе се подготвуваат првите европски примероци на Jeep Compass.

Актуелната генерација на Compass дебитираше во 2016 година и поради пазарните успеси кои ги постигнува, FCA реши покрај во Мексико (примероци за европските купувачи), Бразил и Индија, во иднина да го произведува компактниот SUV и во Мелфи, со што веќе реализира една од големиот број инвестиции кои се најавени за периодот кој следува.

За еволуција на брендот ќе помогне и фактот што на истата локација ќе започне производство на плаг-ин хибридни изведби на Renegade и Compass, a тоа е почетокот на процесот на електрификација на FCA брендовите, во кој веќе се најавени и електричниот Fiat 500 и хибридните и електричните модели на Maserati.

PHEV изведбите на Renegade и Compass се подготвени за комерцијализација, а ќе користат иста механичка основа, со погонска единица која ќе овозможува максимални 240 коњски сили, а во чие функционирање ќе помага и батеријата потпишана од LG. Автономијата на електричен погон ќе изнесува 50 километри и нивната просечна Co2 емисија ќе изнесува помалку од 50 г/км.

Во фабриката во Мелфи досега се произведени 7,4 милиони автомобили, а тука е и домот на популарниот Fiat 500X, за кој нема да биде изненадување ако набргу добие плаг-ин хибридна изведба. FCA започна со производство на Compass како дел од тест периодот, а од почетокот на 2020 година ќе започне испораката на примероците за европските купувачи од оваа фабрика.

FCA Group уште еднаш потсетид дека ова е почеток на офанзивата во која само во Италија ќе бидат инвестирани 5 милијарди евра, до 2021 година ќе бидат претставени 13 нови или редизајнирани модели, а електрификацијата ќе донесе 12 различни изведби.

Jeep_Compass-Melfi-plant_11
Jeep_Compass-Melfi-plant_26
Jeep_Compass-Melfi-plant_23
Jeep_Compass-Melfi-plant_20
Jeep_Compass-Melfi-plant_19
Jeep_Compass-Melfi-plant_15
Jeep_Compass-Melfi-plant_14

Exit full screenEnter Full screen

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla