Slide 1

Вести

Фабриката во Сошо го произведе милионитиот примерок на Peugeot 3008

Slide 1

Освежениот SUV беше надргаден со серија на системи за асистенција при возењето, со што беше овозможено полу-автономно управување, а унапреден е и популарниот i-Cockpit, чиј дисплеј сега има дијагонала од 25.4 сантиметри.

18/11/2021

При неговото лансирање во 2016 година, првиот вистински SUV на брендот беше и првиот модел кој беше дизајниран согласно новиот дизајнерски јазик на брендот, под водство на Жил Видал – тогашниот директор на одделот за дизајн во Peugeot. 

Видал ја продолжи својата кариера во Renault, но дизајнерскиот јазик кој тој го промовираше, потоа беше мошне успешно беше имплементиран и на сите останати модели на брендот.

Успехот на продажните бројки на моделите на Peugeot во последните неколку години не остава простор за дилема кога е во прашање прифатеноста на дизајнерскиот јазик од страна на купувачите. Имено, на многу пазари компактот 208 е бестселер, 2008 е бестселер во сегментот, а веќе е произведен и милионитиот примерок од 3008. 

Кон крајот на минатата година 3008 помина низ планираниот фејслифт. Освежениот SUV беше надргаден со серија на системи за асистенција при возењето, со што беше овозможено полу-автономно управување, а унапреден е и популарниот i-Cockpit, чиј дисплеј сега има дијагонала од 25.4 сантиметри. 

Специјална технолошка иновација кај фејслифтот претставува Night Vision системот. Тој се состои од инфрацрвена камера која препознава пешаци и животни на патот на растојание до 250 метри пред возилото. Имено, штом ќе забележи пешак или животно, системот го проектира на дигиталната инструмент табла.  

Неодамна имавме прилика да го тестираме овој систем, па наскоро ќе ги објавиме сите впечатоци од тестот.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental