Slide

Вести

Фановите на Abarth го одбележаа „денот на скорпијата“ на Билстер Берг

Slide

Производителот ја искористи можноста уште еднаш да ги претстави последните специјални изданија, односно Abarth 595 Scorpioneoro и Abarth 595 Monster Energy Yamaha, првиот посветен на легендарниот A112 Abarth Targa Oro од 1979 година, а вториот на одличната соработка со Мото ГП тимот Yamaha

19/10/2020

Фановите на брендот Abarth ја продолжија традицијата во однос на специјалниот „Abarth Day“, кој изминатиот викенд се одржал на патеката Билстер Берг во Германија.

За разлика од минатата година, кога беше прославен и 70. роденден на брендот, овој пат годишниот собир на фановите на италијанскиот перформанс бренд беше одржан во специфична ситуација, која дозволи присуство на лимитиран број учесници.

Присутните имале можност да ги презентираат способностите на своите Abarth примероци на патека низ различни вежби и класично возење низ свијоците на германската патека, а останатите „абартисти“ ги следеле случувањата преку социјалните мрежи.

Производителот ја искористи можноста уште еднаш да ги претстави последните специјални изданија, односно Abarth 595 Scorpioneoro и Abarth 595 Monster Energy Yamaha, првиот посветен на легендарниот A112 Abarth Targa Oro од 1979 година, а вториот на одличната соработка со Мото ГП тимот Yamaha.

Брендот со лого со скорпија уште еднаш покажа дека и во оваа комплицирана ситуација знае како да ги привлече фановите на спортските автомобили и посебно оние кои веќе се запознаени со магијата на моделите потпишани од Abarth.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа