Skip to content

Вести

FCA го доби „Гранде Торино“: Гигантскиот брод може да транспортира 7.600 автомобили до Америка

На секое патување овој 199,9 метри долг и 35,5 метри широк модерен крстосувач може да транспортира 7.600 автомобили, но истовремено неговиот простор на четири нивоа може да се користи и за трансфер на камиони, трактори, автобуси и други возила

12/11/2019

Групацијата Fiat-Chrysler постепено ги исполнува зацртаните цели од легендарниот Серџо Маркионе, а неговите наследници на највисоките раководни функции сериозно го реализираат планот за „глобализација“ на брендовите.

Деновиве, со посебна свеченост, FCA го активираше транспортниот брод „Гранде Торино“, кој во иднина ќе биде задолжен за трансфер на автомобили од гамата на Alfa Romeo, Fiat, Jeep и останатите брендови на групацијата на релација Европа-Америка, поедноставувајќи и забрзувајќи ја конекцијата меѓу фабриките и пазарите за кои се предвидени голем број од моделите кои се извезуваат на северноамериканските пазари.

Бродот кој е сопственост на италијанската компанија „Грималди Груп“, ја започнува својата рута од Турција каде се товарат произведените примероци на Fiat Professional, подоцна има четири станици во Италија (Џоја Тауро, Сивитавекија, Ливорно и Савона) каде „Гранде Торино“ ги добива предвидените примероци од брендови како Alfa Romeo, Jeep и Maserati.

Потоа се упатува кон Валенсија во Шпанија каде му е последната европска станица, пред да стигне во Соединетите Американски Држави (пристаништата во Дејвисвил, Њујорк, Балтимор, Џексонвил и Хјустон). При враќањето назад, во „Гранде Торино“ се транспортираат примероци на брендот Ram за европските пазари од Мексико (Веракруз и Тукспан). Транс-атлантската конекција подразбира и други пристаништа, меѓу кои и тие во Антверп (Белгија) и Халифакс (Канада).

На секое патување овој 199,9 метри долг и 35,5 метри широк модерен крстосувач може да транспортира 7.600 автомобили, но истовремено неговиот простор на четири нивоа може да се користи и за трансфер на камиони, трактори, автобуси и други возила кои не ја надминуваат максималната височина од 5,3 метри.

Максималната брзина на бродот е 35 км/ч, а интересно е што располага со генератор, кој му овозможува да користи електричен погон при користењето на он-борд системите додека е закотвен на пристаништата, потенцирајќи ја грижата за заштитата на животната средина и неутрализирање на загадувањето во близината на урбаните средини.

Овој брод е подготвен за построгите регулативи за транспортна пловидба кои стапуваат на сила од почетокот на 2020 година, а намалувањето на NOx емисијата е овозможена со модерниот и поефикасен MAN мотор со 7 цилиндри и специјалниот катализатор кој ја третира издувната емисија, како и хибриден систем за прочистување на SOx (сулфур оксиди) емисијата.

Инаугурацијата на „Гранде Торино“ беше одржана на пристаништето Сивитавекија, а во својата прва рута до САД овој брод транспортира примероци на Fiat 500L и 500X, Alfa Romeo Giulia и Stelvio, Jeep Renegade, како и ProMaster и Dodge моделите кои се произведуваат во Турција.

Секоја година FCA транспортира околу 1 милион возила на повеќе континенти.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend