Slider

Вести

FCA развива систем со кој плаг-ин хибридите ќе возат низ град само на електричен погон

Slider

CA го започна експериментот со плаг-ин хибридот Jeep Renegade 4xe, кој во рамките на проектот ќе вози исклучиво на струја кога ќе влезе во централното подрачје на Торино

04/06/2020

Fiat Chrysler Automobiles ја официјализираше својата соработка со градските власти на Торино и го започна проектот – експеримент, со кој ќе се обиде на уникатен начин да ја искористи електрификацијата во урбаните средини.

Идејата на FCA е во иднина да развие хибридни изведби, односно автомобили кои при влегувањето во централното подрачје автоматски ќе го оневозможат користењето на бензинскиот мотор и ќе возат само на електричен погон.

Проектот е наречен „Geofencinc Lab“, a ќе се обиде да ја искористи трансформацијата на градовите во „паметни“ реони, што подразбира и „зелен“ сообраќај со неутрализирање на негативното влијание врз животната средина.

Најпрактично објаснето, сензорите во хибридниот автомобил ќе го препознаат влегувањето во одредена рестриктивна зона, при што постепено ќе го исклучи класичниот мотор и ќе го активира исклучиво електричниот погон.

Ваквиот систем ќе биде дел од експерименти на повеќе локации низ светот, по што ќе биде јасно дали и како би функционирало ваквото поврзување на автомобилите со комуникациските платформи на градовите.

FCA го започна експериментот со плаг-ин хибридот Jeep Renegade 4xe, кој во рамките на проектот ќе вози исклучиво на струја кога ќе влезе во централното подрачје на Торино. Откако сензорите ќе најават вакво нешто, уредот го префрла управувањето исклучиво на електрична енергија, а доколку возачот реши да врати во хибриден режим, тој добива предупредување кое ако не биде испочитувано, информацијата за непочитувањето на правилата се праќа до градските власти.

Во ситуација кога ваквата комуникација реагира како што предвиделе креаторите, плаг-ин хибрид изведбите можат да добијат ист третман како електричните возила во периодот кога ќе има се поголеми рестрикции при движењето во централните подрачја на градовите.

Повеќе содржини за Fiat

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider