Slide

Стории

FCA серијал „What’s Behind“: Револуција на моторите низ историјата (Видео)

Slide

Иновациите се препознатливи за богатата историја не само на Fiat, туку и за останатите брендови на групацијата, а денеска вниманието е свртено кон алтернативните технологии кои се иднината на мобилноста

04/05/2020

Добриот прием на првата сезона на серијалот „What’s Behind“ ја охрабри групацијата Fiat-Chrysler да реализира и продолжение, од кое веќе е објавена првата епизода.

Во истата, тема се моторите и нивната (р)еволуција низ долгата историја на автомобилите и групацијата, преку моторот со 6 цилиндри на легендарниот Fiat Mefistofele од пред речиси еден век, па до Fire моторот кој веќе го користат над 30 милиони возачи.

Иновациите се препознатливи за богатата историја не само на Fiat, туку и за останатите брендови на групацијата, а денеска вниманието е свртено кон алтернативните технологии кои се иднината на мобилноста.

FCA подготвено ја дочекува оваа ера, користејќи го концептот на „благ хибрид“ за малите автомобили, промовирајќи ги и првите плаг-ин хибрид модели, односно електричниот Fiat 500 кој носи целосна револуција за урбаниот заводник.

Повеќе содржини за Fiat

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година