Slide

Новитети

Фејслифт на BMW X7, точно три години по воведувањето на првата генерација од SUV знаменосецот

Slide

Заоблениот дисплеј ги интегрира 12.3-инчната инструмент табла со 14.9-инчниот централен дисплеј. Вториот го користи најновиот BMW OS8 оперативен систем.

18/04/2022

Најголемиот SUV на баварскиот производител BMW пред три години беше воведен во портфолиото на брендот. Сега, кога моделската генерација е на половина од својот циклус, производителот спроведе фејслифт кој е толку сеопфатен, што ја надминува класификацијата како фејслифт.

Промените во моделот се многу подлабоки отколку вооибчаените промени на спојлерите, браниците и маската. Дизајнот на големиот SUV има елементи преземени од 7 Series, што јасно го диференцира од значително помалиот X5.

Оваа дистинкција веднаш станува воочлива преку дневните светла, кои го прават поостар изгледот на големиот SUV.

Одвоени од дневните светла, предните светла се засебно групирани и безмалку се незабележливи преку ден.

Светлосната технологија е базирана на адаптивни матрикс LED светла како стандард во сите модели.

Предната маска е комплетно редизајнирана, не само во делот со светлата. Сега таа има поостри ивици и помали отвори кај предните тркала. Истото важи и за решетката од ладилникот, која сѐ уште има по седум вертикални ленти во двата отвори, но тие сега се порамни и немаат тридимензионален изглед како досега. Она што е ново е “Iconic Glow” LED осветлувањето на самата решетка, опција која се доплаќа кај сите пакети освен кај X7 M60i xDrive, каде што е вклучена во серија.

Сепак, во задниот дел промените се ограничени, но најзабележителен е новиот дизајн на светлата. 

Во однос на моторите, три ќе бидат достапни при лансирањето на X7, и сите три ќе имаат благ хибрид технологија. Најважната улога ја има новата осум-степена Steptronic трансмисија, во која е интегриран електричниот мотор, кој овозможува дополнителни 200Nm вртежен момент и 12 hp. Бидејќи новиот X7 ќе може да поминува куси растојанија само на електричен погон, интегриран е и акустичен систем за предупредување на пешаците.

Кај xDrive40i и xDrive40d достапни се два 3-литарски мотори кои имаат по 6 цилиндри. Бензинскиот мотор кај xDrive40i за првпат се користи кај X7. Неговите перформанси се зголемени на 380 hp, а максималниот вртежен момент е зголемен за 70Nm и сега изнесува 520 Nm. Благодарение на дополнителната сила, времето потребно за забрзување од 0-100km/h изнесува 5.8 секунди. Дизел моторот со 340 hp, (системската сила вклучувајќи ја онаа од благиот хибрид изнесува 352 hp), го забрзува тешкиот X7 од 0-100km/h за 6.1 секунда. Во сите модели е интегрирана Launch Control функционалност.

Моторот со највисоки перформанси е вклучен во M60i изведбата, чија сила од 530 hp и вртежен момент од 750 Nm кореспондира со претходниот M50i. 4.4-литарскиот V8 мотор е поврзан со гласен спортски издувен систем. И забрзуањето од 0-100km/h за 4.7 секунди е во линија на претходниот M50i V8 xDrive.

И ентериерот на X7 е темелно обновен. Помалку разлики се забележуваат во материјалите, но поголемите разлики се кај инфотејнмент и оперативниот систем. Секако, најголемата разлика е заоблениот дисплеј. Тој ги интегрира 12.3-инчната инструмент табла со 14.9-инчниот централен дисплеј. Вториот го користи најновиот BMW OS8 оперативен систем. 

Во новиот модел се присутни некои унапредувања на системите за асистенција. Системот за предупредување од фронтален судир, сега е надополнет со можност за детекција доколку при вртење во десно се приближуваат пешаци или велосипедисти. Опционалниот Driving Assitant Professional е исто така надополнет, со функција за препознавање на светлата на семафорот. 

Лансирањето на новиот X7 се очекува за август годинава. Во Германија, основната цена е безмалку 100,000 евра.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск